@marjanot споредено со Giulietta та што ја возиш како е забрзувањето ?
нема споредба, сосема различни погонски единици и преголема е разликата во моќност помеѓу двете коли
ако може да го споредам со 1.4 TSI кај Леонот кој го имав претходно, тогаш ќе кажам дека меѓузабрзувањата се подобри кај Голфот соодветно за дополнителната сила
Леонот беше 125кс, 200Нм од 1.500, Голфот е 150кс, 250Нм од 1.500, но мислам дека помеѓу овие два мотора (во двете коли кои сум ги возел) разликата во моќноста најмногу доаѓа до израз заради DSG-то. Едноставно нема застој. Возиш 100 на автопат во 7-ма брзина, даваш гас, враќа во 4-та и тегне без да приметиш додека не отпуштиш гас. Нема шалтање, нема инерција.
пак ќе напоменам, не е толку голема разликата во перформанс, колку во економичност помеѓу тие 2 мотори