Автор Тема: Hyundai Ioniq  (Прочитано 18549 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Hyundai Ioniq
« на: 03 Декември 2017, 12:46:43 pm »
Хјундаи Јоник е премногу фален насекаде. Огромна штета што нема барем 2000евра субвенција за хибрид кај нас.


Конкретно за Јоникот.

Кај нас кошта некои 24000 евра каталошки во Мај, реално денес незнам колку ќе биде. Пришто во 24000евра спаѓа Ксенон, Аутоматик, ДРЛ, Автоматска клима, Сензори позади со камера, Темпомат, Алуминиумски бандажи и други поневажни ствари. Има 5 години гаранција. Повисоките нивоа на опрема се тотално небитни.
http://www.hyundai.com.mk/PriceList/Index/7


Се работи за верзијата која е хибрид без плагин. Значи со мала батерија која не замара многу и треба да трае до сто и едно и назад, и е ефтина да се смени релативно (за разлика од онаа кај плагин или скроз електричниот). Значи ова е она што реално се бара, условно кажано.

Што е сега целава работа околу колава и зошто е битна. Затоа што веќе се нормализираат цениве на хибридиве, и се демонизира дизелот. И ако треба да се земе економично возило кое не е дизел навака треба да се гледа во моментов. До вчера изборот беше ужасен, со ужасни коли и прескапи коли кои немаат реална употреба. Ова до некаде станува простојно за да се употребува реално во светот.

Скоро и да нема никаква загуба во однос на нормално нехибрид воизло. Нема компромиси скоро никакви. Изгледа фантастично и воопшто не е намерно огрдено како многу од хибридите денес.

Поконкретно, има 440л гепек грубо. Ама има онаква покривалка како на караван за да можеш да редиш нагоре уште. Што значи имаш простор релативно сличен на караван. Што е прекрасно! И плус има убава поткрената ивица за да можеш да си редиш ствари во повеќе редови едно врз друго.

Look at this:


Згора на овој одличен багажник, има простор за мала резервна гума и ситен алат околу неа!!! Во хибрид! Нешто што е многу ретко во денешницата, воопшто да не се грижиш на некој од Грчките острови дали си се набрцал на камен спуштајќи се до морето! Фасцинантно.


Можно е да има Епл Карплеј или Андроид ауто, којзнае. И ако има можно е и навигација да имаш од телефонот во колата. Ама тоа не се знае. Здравје ако некогаш има тест возило кај нас ќе дознаеме. Ама не е ни битно во реалноста.

Понатака има DSG менувач автоматски. Значи не е CVT. Малку од малку дава подобар осет при возење, а не само да урла како CVT. Одлично. Исто така рачката од менувачот е нормална! Не е како џојстик да незнаеш каде е ставена, туку кога ќе ја ставиш во D рецимо си седи во D! Незамисливо во 2017ма година. И одлично пред се. Браво и за ова.


Има бајаги место за нозете меѓу највеќе во класата. Само на задните седишта се спушта кровот па нема многу место за високи луѓе. Што не е нешто баш битно пошто напред има место за високите. Слично како во Пасат ЦЦ и други купеа со 4-5 врати.


Огромна штета што не се презема субвенционирањето на хибридни возила што се зборуваше дека ќе е 5000евра и да се повласти акцизата и да се намали ДДВ од 18 на 5% за нив. До сега Јоников ќе беше насекаде по улиците по цена од 15000 евра. Ќе се протуреа од продавање.



Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #1 на: 03 Декември 2017, 15:02:40 pm »
И јас го гледав и студирав пред некој ден, Одлично ауто, едино не можам да ја сварам 5тата врата, ниеден хибрид нема убава задница.
Ама со големиов замав што го земаат хибридиве при купување ново ауто секако би ми влетал во комбинација Ioniq, би ја сварил некако задницата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #2 на: 03 Декември 2017, 16:29:43 pm »
Јас пред две недели бев Аурис Караван Хибрид гледав во салон и о возев од Зајчев рид до Гјорче па назад преку обиколница. Возилото е прекрасно со прекрасна вожња, а кошта 20.000 после субвенцијата. Мислам дека Иоников има сличен хибриден систем. Аурисот го викаат као ЦВТ ама нема врска со ЦВТ

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #3 на: 03 Декември 2017, 16:46:36 pm »
Аурисот Е со CVT. Не ми е јасно како тоа ти нема врска со CVТ.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #4 на: 03 Декември 2017, 17:06:39 pm »
Аурисот Е со CVT. Не ми е јасно како тоа ти нема врска со CVТ.
НЕ е со CVT, така ми рекоа и у салон. Само го носи името CVT зошто возењето е слично како со CVT но технички нема врска со CVT.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #5 на: 03 Декември 2017, 17:18:29 pm »
Ioniq e vizuelno mnoooogu po prifatliva kola od toyotite.

Odlicno e opremen i stvarno ako nekoj e reshen za hibrid i te kako treba da go proba pred da se reshi

Sekako da imashe subvencija cenata ke mu beshe mnoogu po prifatliva za nasi se poveke luge ke se odlucuvaa za vakov tip vozilo

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #6 на: 03 Декември 2017, 17:19:50 pm »
НЕ е со CVT, така ми рекоа и у салон. Само го носи името CVT зошто возењето е слично како со CVT но технички нема врска со CVT.

If it walks like a duck, if it talks like a duck... It's a duck.

Да, во ред, би се сложил со тебе не е баш традиционално CVT, но принципот на функционирање е во суштина тој - да понуди континуирано варијабилна (технички безстепена) трансмисија за да може да го држи моторот на идеален број вртежи.

Ако веќе навлагаме во детали - они го продаваат менувачот како „автоматски“ без да објаснуваат многу-многу, бидејќи така им е полесно и да го објаснат, и купувачите да го прифатат.

На крајот на денот, менувачот нуди безстепена вариабилна трансмисија. Тоа го прави ЦВТ.

Ioniq e vizuelno mnoooogu po prifatliva kola od toyotite.

Odlicno e opremen i stvarno ako nekoj e reshen za hibrid i te kako treba da go proba pred da se reshi

Sekako da imashe subvencija cenata ke mu beshe mnoogu po prifatliva za nasi se poveke luge ke se odlucuvaa za vakov tip vozilo

Ехеее, за дизајнот да не праиме муабет. Уште ако го одбереш во некоја убава-не-бела боја, сосема океј изгледа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #7 на: 03 Декември 2017, 18:07:12 pm »
Јас пред две недели бев Аурис Караван Хибрид гледав во салон и о возев од Зајчев рид до Гјорче па назад преку обиколница. Возилото е прекрасно со прекрасна вожња, а кошта 20.000 после субвенцијата. Мислам дека Иоников има сличен хибриден систем. Аурисот го викаат као ЦВТ ама нема врска со ЦВТ
ПОСЛЕ КОЈА СУБВЕНЦИЈА 20000? Каде има субвенција!?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #8 на: 03 Декември 2017, 18:10:41 pm »
Цената е 20.490 на тестираната кола. Ќе симнат уште 500-че де.

Хечот е 18.990.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #9 на: 03 Декември 2017, 18:23:51 pm »
Ташлауфир спомна субвенција. Да не има за хибрид субвенција кај нас?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #10 на: 03 Декември 2017, 18:30:27 pm »
Одма одиш и купуваш во салон ако има, нели? Само многу битен услов е да има резервна гума за да не се поебеш на некој од грчките острови... ох мајко македонијо...

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #11 на: 03 Декември 2017, 18:49:49 pm »
Јас пред две недели бев Аурис Караван Хибрид гледав во салон и о возев од Зајчев рид до Гјорче па назад преку обиколница. Возилото е прекрасно со прекрасна вожња, а кошта 20.000 после субвенцијата. Мислам дека Иоников има сличен хибриден систем. Аурисот го викаат као ЦВТ ама нема врска со ЦВТ
ПОСЛЕ КОЈА СУБВЕНЦИЈА 20000? Каде има субвенција!?
Ај ќе се јавам утре кај Ниџо да прашам, он ми спомна субвенција, ама дали државата дава или они како фирмадаваат за пробив на хибридот не сум сигурен. Утре ќе прашам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #12 на: 03 Декември 2017, 18:50:05 pm »
Да. Ау браво ако имало.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #13 на: 03 Декември 2017, 19:00:51 pm »
Веројатно знаете за ова (кое не е извадок од закон туку е... нешто), ама да ви го пуштам сепак:

https://www.it.mk/subventsii-za-elektrichni-vozila-5-000-evra-za-elektrichen-avtomobil/

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #14 на: 03 Декември 2017, 19:30:58 pm »
Веројатно знаете за ова (кое не е извадок од закон туку е... нешто), ама да ви го пуштам сепак:

https://www.it.mk/subventsii-za-elektrichni-vozila-5-000-evra-za-elektrichen-avtomobil/
Ова не важи, ова беше во програмата на ВМРО.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!