Намерно е одвоен постот.
Mercedes-Benz во моментов нема компаративен модел. Од KIA јасно и гласно кажуваат дека го споредуваат Стингерот со A5 Sportback, BMW 4 и VW Arteon.
Стингерот што го возевме (грубо околу 48.000 евра, не знам точно, ќе добијам спецификација) се споредува најдиректно со A5 Sportback 2.0 TDI 190 Quattro DSG Sport. Во старт, Audi-то чини 53.436 евра.
На тоа да додадеме (се водам по каталог):
- Металик боја - 987 евра
- Панорамски кров - 1431 евро
- Трозонска клима - 759 евра
- Греење на предни и задни седишта - 765 евра
- Кожни седишта - 1990 евра
- ЛЕД предни светла - 1320 евра
- Tour Пакет (асистенс системи) - 1929 евра
- Bang & Olufsen аудио - 1264 евра
- Навигација - 3127 евра (плус пакет, за и централен дисплеј во боја, итн, итн, да биде on par со Киата)
Ова се само најважните моменти што ми текнаа. Само овие работи се над 13.000 евра. Значи стигаме до 66.000 евра. Сигурно фалат уште додатоци, но разликата веќе е скоро 20.000 евра.
Се надевам дека сега е појасно.
--
Тој што гледа да купи BMW или Аudi, тој ќе купи BMW или Audi, и нема ни пари да жали, ни да размислува за Стингер. Стингерот е наменет за други купувачи - дури може и да се каже, за оние што намерно не сакаат BMW или Audi (или Мерцедес, или итн...)
--
Како и во сите други земји, така и кај нас ќе треба време да се надминат стереотипите за тоа колку треба да чини Хјундаи или Киа (или било кој друг formerly-буџетарски бренд). И луѓето од Киа кај нас се свесни за тоа. Знаат дека нема да продадат ни 5% од Пасатите што ги продава Volkswagen, but that's not the point really. Важно е да ги има колите по улица, да расте Brand Awareness, да се гледаат, да се возат, да привлекуваат други купувачи во салон, да си купат Сидче, Стоникче..