Гласање

Имам 39.900 евра одвоено за нова кола. Парите ќе ги дадам за:

Kia Stinger
8 (14.5%)
Mercedes CLS 1.0 Екобуст
4 (7.3%)
Ауди А7 0.9 тце
5 (9.1%)
БМВ6 1.1 црди
4 (7.3%)
Некој друг Мерцедес/Ауди/БМВ
15 (27.3%)
Сакам Џип, несакам кола.
3 (5.5%)
Ќе објаснам доле, кола купуење не е пљукни залепи, лудаштво е 39.900 за кола во оваа економија
16 (29.1%)

Вкупно гласови: 44

Гласањето е затворено: 08 Декември 2017, 13:42:09 pm

Автор Тема: Анкета: „Имам 40.000 и више евра одвоено за нова кола.“  (Прочитано 100754 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Рено денес 40к, за 5 год 6000... убав влог, поарно играј кладилница

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
А демек пежото 508 или инсигниата ќе вредат троа повеќе пари за 5 години. Сите ќе бидат 6-7 илјади евра.
Зини да ти кажу.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Ваљда стан у Скопје најубаво ќе држи цена после 5 години.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Јас тешко ги заработувам, затоа гледам да не ги фрлам така лесно.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Дечки, тро забегавте :D
Ако сакате, може да отвориме тема за: во што да инвестирам 40.000еур и да му бидам роб наместо што кола да купам и да уживам во моите тешко/лесни (not yout bussines) пари. Ја оживеав темава не дека имам вишок, туку дека имам потреба од што побезбедна и полуксузна кола од средна класа на седани каде ќе биде и економична за потрошувачка како и за оддржување, редовни сервиси и недајбоже да дојде до хаварија на целото возило. Затоа од старт ги исклуив високата класа на Мерцедес, БМВ, Ауди, Јагуар, Масерати, Лексус, Инфинити и ред други за кои не би имал како просечен потрошувач кеш преку ноќ доколку утре треба ламела да се мења или клипови. Не сум дури ни од оние карактери кои зимски гуми на кредит земаат, колата првично ќе ми служи за да си ги обработи парите што сум ги потрошил на неа, да така не им игра толку многу голема улога ако ме кошта во првите 5 години (и паѓа цената) секој месец 300/400 еур затоа што ја возам, доколку си ја враќам инвестицијата назад со неа. Маздата не е отпадната од игра, но дури и самите дилери и во Софија и тука во Скопје ми имаат спомнато дека за сервис надвор од гаранција ќе те боли малку, дури и добро утро што ќе ти кажеме, башка што може да чекаш и до 2 месеци за некој дел. Половна кола би земал, но проблемот е што повеќето по 120/150.000тиот километар имаат редовни сервисни трошкови каде што малтретирањето + кешот што ќе го дадам за оддржавање и ризици од тоа како ја возел претходниот сопственик не ми влегуваат во агендата на мречки потрошени пари за автомобил. Ми се допадна постот со сугестија за Октавијата и во план сум следната недела да отидам до порше на тест, иако разочаран сум од пасатот и ауди а4ката во сооднос дека коштаат 35.000еур а нудат многу помалку од мазда 6ката која за иста сума ја добивам во максимум премиум верзија а сепак се во иста категорија. Доколку баравм сугестии за да добијам статут во опшесвово, прашањето ќе ми беше кој роудстер да го купев :D или ќе му го земев за 14.000еур пасатот на колегава, 4 години стар со МВР миризливо на ретровизорот (90% од пасатите во Ск) и ќе глумев лудило :D
Значи да сумирам, факт е дека за до 40.000еур германец нема да ги задоволи потребите на ново, Цитроен имаат само SUV со добра амортизација, Peugeot никој ни добро ни лошо не кажа за нив, останаа уште Корејците и Јапанците како практични за парите? Jaguar XE?

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
^контрадиктирен си. Го исклучуваш Јагуар, а прашуваш за него. :D
Од јапонците, фатија ја последната авенсис во салон.
Како втора опција киа оптима.(поима немам за оваа кола)
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
^контрадиктирен си. Го исклучуваш Јагуар, а прашуваш за него. :D
Од јапонците, фатија ја последната авенсис во салон.
Како втора опција киа оптима.(поима немам за оваа кола)

Од рекла-казала, знам дека Јагуар е ко BMW крш и скапо за оддржување, E-Pace-то го имам возено на тест, боље во Дастер да се качев.
Киа од средна класа на автомобили, одамна нема редизајн и подновување кај ниеден модел, дали е веродостојно дека Стингерот троши 4.8 литри нафта?
Tоа што го искличив јагуар ко опција, мислев на XF/XJ премиум моделите каде за 20.000 се наоѓа на старо и уште толку ќе фрлам на сервис у следните 5 години :D

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Могуче. Ако 60км бил на шлеп, па така мереле. ;D

Шефе, да не мелам глупости. Дали тојота авенсис ти прави мерак?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Голф со најфул оПрема.
Се зеза, ко трамп што вози. Крајслер ваљда.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Видо вака. Во дастер сум се возел а исто и во јагуар

Ќе те молам не се залетувај со такви изјави кои сите многу добро знаеме дека се далеку од вистина.

Викаш си се разочарал од пасат и ауди што нудат за 35 к евра. Нормално дека мазда ќе нуди повеќе од Ауди за тие пари ама пасат за 35к евра ќе има многу што да понуди. Тоа се 13к евра повеќе од основната верзија.

Ако за 40к неможеш да си најдеш германско ауто тогаш поработи уше малце па ќе собереш повеќе

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Поентата на темава ми е да намалам од сумата а да добијам подобро, се разбира ако постои. Тојотата ми има некои сутнирлии естетски маани што не ми се допаѓаат но сепак би ја пробал на тест драјв затоа што побитна ми е вожњата одколку ентериерот и комфортот во него.
Во врска со изјавата за Е-Пејс вс Дастер, сакам да кажам дастерот е 15.000 со средно ниво опрема, Е-Пејсот без опрема 40.000 и деф. е крш, во Белгија го имаат за тест возило само со повисоко ниво на опрема и има разлика во квалитетот на пластиките внатре, ама пак затоа е 16.000 евра поскап од основната верзија. Во секој случај било кој SUV и MPV отпаѓаат од изборот затоа што не ми одговара на автопат висока вожња, pop-up рекламче ако некој сака CX5че Revolution со стаклен кров, металик боја, автоматик 2.2 со 150кс од 39, на 33.500.

Сигурно постои автомобил кој има подобра вожња, звучна изолација и комфорт од претходно споменатите премиум и да не е 35/40.000еур
Како добра алтернатива за евтини пари ми фати око новиот Цивик исто така, но не сум влегол во него да се замарам уопште или далеку е од претходно споменативе од моите барања? :) деф. со темава останувам на мазда 6 нова или мерцедес е/ц-класа на старо али ае да побараме уште алтернативи, јас едвај 7-8 автомобили пробав на тест драјв, ауди А4ката се на се вредеше за парите сепак 4те кругчиња ги плаќаш некои добри 20% од цената, добар мотор, предобар ентериер, удобност и на задните седишта но бучавата + амортизацијата посебно на околуврсното од Визбегово до Бутел ко со отворен прозор на 140 да возев :/

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Ќе стигнеш ти до суперб или октавија кај и да е... ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Ќе стигнеш ти до суперб или октавија кај и да е... ;D

И на крај елантра ќе купи. ;D
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
@Bender мислам дека малце треба поубаво да си разграничиш што уствари би сакал да купиш и колку пари би сакал да дадеш за тоа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
....Ја оживеав темава не дека имам вишок, туку дека имам потреба од што побезбедна и полуксузна кола од средна класа на седани каде ќе биде и економична за потрошувачка како и за оддржување, редовни сервиси и недајбоже да дојде до хаварија на целото возило. Затоа од старт ги исклуив високата класа на Мерцедес, БМВ, Ауди, Јагуар, Масерати, Лексус, Инфинити и ред други за кои не би имал како просечен потрошувач кеш преку ноќ доколку утре треба ламела да се мења или клипови. ...

Чајче од Шкода





на лизинг