Ни јас не оправдувам брдо пари давање за навигација, ама мора да има. Во најмала рака, мора да има некаков саглам мултимедијален уред со Apple CarPlay и Android Auto поддршка (Андроид Ауто не работи во Македонија, BTW, за CarPlay не знам). Колку што гледам, Audi Smartphone Interface кошта 1000че. Плус, не заборавај дека за да функционира како што треба, ти треба интернет, а дата роамингот кај нас уште е огин-го-гори-брезово.
Поентата на купување премиум, луксузно возило не е „колку да има“, туку поентата е „да има што е можно повеќе.“ Сепак, и опремата е дел од таа премиум приказна. Ако купувам Audi A4 сакам и дигитални инструменти, и сите можни сејфти системи и адаптивни темпомати и курчеви-карики, сакам и S-Line седишта, и DSG, и Quattro и сите нишани. Сакам и B&O аудио и дигитално радио и сензори-мензори, камери, дрн-дрн. Сакам.
Тоа во Ауди кошта.