Толку многу жолчка пролеано за кола на Форум во мое време да имало не се сеќавам.
Имав прилика да се возам во Стингерот кој беше на тест, благодарност до
@zeroSignal што ме имаше предвид. На хартија, таа кола е се што не ми се допаѓа:
1. Дизел (а не е кипер);
2. Бела (а нема црвен крст позади);
3. Претенциозна (а нема педигре).
На хартија, велам.
Колата е една од ретките која заковува поглед и преку ден и навечер (освен она глупата линија што ги спојува стоп светлата ала-Charger), очигледно е правена со умисла, и исполнува една интересна ниша. Тој дизел е повеќе од адекватен, погонот е мноогу солиден, и нивото на завршна обработка е завидно (и на многу повисоко ниво од едно друго возило кое имав прилика да го видам, а е со ценовни класи и со педигре нивоа над Стингерот).
"колата имала минлив дизајн" - како и се друго. Само ние тука веруваме дека кола е инвестиција и треба да и се зголемува вредноста низ годините - па затоа било важно да не "излезе од мода".
"колата била претенциозна" - и треба да биде ако сака да се издвои. Нашата локална заслепеност со брендови не е глобална ниту е вечна - да беше така ниту еден нов бренд немаше да се пробива на пазарот.
"колата е прескапа за буџет бренд" - знак прашање. Колата чини колку што проценил бизнис тимот дека треба да биде маржата на производните и рекламните трошоци. Тоа дека Киа била буџет бренд е само предмет на стратегија. Во друг бизнис, на пример аудио, најголемиот дел на фирмите почнуваат со еден, единствен, flagship (а со тоа и прескап) производ. Целта не им е да го продаваат туку да стекнат име, и потоа да продаваат "технологии од скапиот производ" во комерцијален (а со тоа и многу поефтин) производ. Пристапот на Киа е обратен - тоа не значи дека не можат да го направат тоа.
"никогаш нема да се продаде" - повторно, знак прашање. Дури и на локално ниво, пазарот е многу интересен, и не би ме изненадило да се појават повеќе Стингери.
Колата е тука, чини толку, никој не тера никого со сила да ја купи и вози. Дали се добива многу кола за тие пари - јас мислам така.
Дали би ја купил? Не можам да си ја дозволам. Кога би можел, единствено што би ме спречило да ја купам (GT, бензин bi-turbo) е шупачкиот однос на локалните одделенија за комерција и сервис на Киа (во моето лично искуство).
А муабетите од типот "каков половен Мерцедес/БМВ/Ауди се купува за тие пари" го поминав со поголемиот дел на семејството кога го купував RS-от. За среќа, не го возат тие, туку јас.