1. Гледај да е од 2008 нагоре
2. Гледај да е добро опремена
3. Гледај да има солидна сервисна историја
4. Гледај да нема поминато 1/2 милион км
5. Провери подвозје убаво
6. Ако е 1.9, пази на рачниот менувач, да нема звуци и чудни кланкања на рачката на давање и пуштање гас.
7. Ако е 2.4, добар е мануелецот, ама аутоматик е за таа кола погоден.
8. Ретки се на наш маркет асални - неизвозени. Прелистај што има на швицарски и германски сајтови.
9. Обавезно пробај ја како вози и како лежи на пат.
Сервисите се околу 100-150е, зависи дали ќе менуваш филтер за гориво или не, кое масло ќе го користиш, какви филтри итн...под 100е тешко да поминеш, ептен ако шпараш за 2.4 во овластен сервис е околу 12.000 денари редовен сервис и тоа со попуст мислам. 2.4 има поскапи диксови и кочници (брембо, 330мм), отприлика дупло пари за дискови и за плочки во однос на 1.9.
Маани колку сакаш, ама на крај најмногу зависи како е одржувана и каква среќа ќе имаш. Може да е најдобро одржувана на свет, па да се деси некој пех. Ако веќе имаш собрано добра паричка, размисли за 2.0 136 или 170кс мотор од 2008 нагоре.
Со здравје да си ја возиш, и многу безгрижни километри

Едно е сигурно, со 159 веќе максимумот на поминати километри ќе ти се зголеми, поради ќејфот за возење.
