Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 70299 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #165 на: 01 Септември 2024, 06:50:01 am »
Каско осигурање не покрива дефектен мотор, подвозје и се останато освен физичко оштетување.


Sent from my iPhone using Tapatalk

А ако "ненамерно" физички ги оштетиш поради "неприлагодена брзина" во блиско дрво?

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2083
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #166 на: 01 Септември 2024, 06:55:25 am »
Несторче нешто мрда чим потпрашуваш за лизинг?Ако за арно убаво да е земи си на лизинг немој немој ѓаол да те мами опел одново да земеш .. што и да одбереш немој жабар,опел или румун се остало знаеш тука сме за се ново си е ново само бс95 натанкај гас и еднаш годишно уље да смениш не ти треба тетратка ехцел земи си ако лека полека ратичка си направи 170до210 еур.Што би земал вака во што се гледаш @nestor04

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #167 на: 01 Септември 2024, 07:04:32 am »
мое мислење:

лизинг или кредит е
- или за тие кои не можат да дочекаат па мораат одма да земат и со тоа ги финансираат
лихварите
- или за тие кои имаат пари и со парите прават пари (старата изрека денарот го прават 2)
и им требаат тековно да имаат пари за обрт, па им се исплаќа да дадат долгорочно вкупно
повеќе бидејќи со сумата која нема да дадат одма ќе ја свртат и извадат повеќе.

татко ми за капитализмот велеше - богатиот побогат, сиромавиот посиромав.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #168 на: 01 Септември 2024, 07:06:40 am »
Има една прекрасна клаузула „Ако не ми го средите тоа, возилото е ваше, ви го враќам вие барајте му чаре“.


Моабетот дојде инспириран од тука, и не се работеше за каросериско оштетување.
Друго е што оперативен лизинг мислам дека не даваат на физички лица. А и да даваат, пресметката е направена во нивна корист.
Не можете да го заебете системот колку и да го слушате Ендру Тејт.

Ќе ти го средат каросерискиот дел, а моторот сеуште ќе ти остане дефектен. Но за да ти го средат тоа под осигурување ќе треба да чекаш записник, а ако си од Скопје и немаш врски нека ти е со среќа, ќе ти требаат години. Во меѓувреме ќе си ја возиш оштетена.
Во секоја осигурителна компанија си има комисија што прави истрага за штетите, и ако се посомневаат и направат реконструкција и установат дека е измама, ќе си ја правиш од џеб и ќе ти покренат судска постапка.

Памет во глава, немојте да кукате по 300форуми дека нешто ќе правите или дека колата ви е дефект, а сервисот ве дупи, читаат и тие, а не ви оди у прилог.
Гледајте колата да ви се погоди и да немате проблеми, ако имате ви посакувам многу нерви и трпение. Ако сте по разумни ќе ја однесете во Тојота старо за ново и ќе си купите кола што статистички најмалку се расипува.


Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 01 Септември 2024, 07:39:30 am MAPJAH »

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #169 на: 01 Септември 2024, 09:07:04 am »
Јас можам само да ви кажам - обавезно земање кола на лизинг. Многу повеќе се услужливи од импортерите ако им кажете дека возилото е на лизинг :)

Има една прекрасна клаузула „Ако не ми го средите тоа, возилото е ваше, ви го враќам вие барајте му чаре“.

На многу луѓе сум го дал овој совет и ми се благодарни.

Ако го земеш возилото на кредит и е на ваше име, кога ќе имате било каков проблем, од обична бирократија, па се до посериозен дефект или поплака, ИЧ нема да ви се замараат и само ќе ве вртат по тавани.


Еднаш го дискутиравме ова и вака некако излезе.

Како од ова


Пак губиш време по сервиси,па признавале,па не признавале гаранција и сл...



Тоа е кај нас.

Затоа кај нас се зема кола лизинг, за тие да му ја мислат, бидејќи на крај на денот ако ме изнервираат ќе им ја вратам па нека се чешаат после со неа.

Стигнавме до ова?

Наједноставно е да си ги исплатиш лизингот, колата на твое име и продавај ја ако ти треба (поголем) ќеш.



Нели поентата беше да ја земеш на лизинг за банката да се потресува дали ќе им ја вратиш па да те третираат ко цар?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #170 на: 01 Септември 2024, 12:02:24 pm »



Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
  • Macedonia
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #171 на: 01 Септември 2024, 13:04:48 pm »
На Економски Факултет во Скопје едно време како лош пример го кажуваа земањето автомобил на лизинг за физичко лице.

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #172 на: 01 Септември 2024, 16:17:15 pm »
Гледајќи ја економијава во Македонија, не треба да се сфаќаат озбилно тие на Економски факултет :D
Али чим цел свет работи со лизинг, не може да е толку лошо и трагично.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #173 на: 01 Септември 2024, 16:43:04 pm »
Имам кола купено и на лизинг и на кредит. И едното и другото е заебана работа, поготово после третата година од имање на колата :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #174 на: 01 Септември 2024, 21:22:14 pm »
Зошто?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #175 на: 01 Септември 2024, 23:56:14 pm »
Зошто не го плаќа фирма :)
После три години, според амортизациониот план, си ја опслужувал само каматата (ќарот на банката), па оноа што треба да го вратиш со предвремена исплата е основицата, која е поголема од самата вредност на колата. И да ја продадеш, пак ќе треба да доплатиш за да вратиш пари на банката. Друго, доаѓа време за скапи сервиси кои дополнително го оптоваруваат буџетот, и веќе сфаќаш дека финансиски си заебан со солиден зијан, а се трупаат годишните трошоци прогресивно (Дошло време за голем сервис, нови гуми зимски летни, па кочници, па што ти ја знам што треба да се сервисира), мораш каско и понатаму да плаќаш, нема можност да бираш дали ќе биде или не каско итн... 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #176 на: 02 Септември 2024, 00:31:30 am »
Не знам како било порано, но сега уште во првата рата ~2/3 од ратата е главница, 1/3 камата. Со секоја наредна рата делот на главница расте, делот на камата се намалува, додека вкупниот износ на ратата која се плаќа останува ист.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #177 на: 02 Септември 2024, 00:34:17 am »
Не знам како било порано, но сега уште во првата рата ~2/3 од ратата е главница, 1/3 камата. Со секоја наредна рата делот на главница расте, делот на камата се намалува, додека вкупниот износ на ратата која се плаќа останува ист.

Ова е за лизинг претпоставувам, за кредити е уште најголем дел камата на почеток. Не целосно ама најголем.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #178 на: 02 Септември 2024, 00:42:27 am »
За финансиски лизинг да, за кредит не знам како е.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #179 на: 02 Септември 2024, 00:55:43 am »
Да, за кредит е поизразено тоа со плаќањето камата првите години. 
Секако, ова важи за кредити кои се подолги, ако можеш да сервисираш кредит или лизинг од 3 години, тогаш не е така страшно. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.