Бидејќи најубо е кога се зборува со факти, јас да си го кажам мојот случај. За инсигнијата, чија продажна цена е точно 20 К, јас за лизинг преку Шпаркасе, уплатив околу 4400 евра учество (се плаќа цел ддв на почеток, 3% од цената и некои административни трошоци). Другото е на 72 рати. На крај излегува дека околу 3700 евра е каматата за целиот период. Во ЕУ ова ќе биде барем на пола, ама тоа е. Ама ние сме држава во која се што се правело во изминативе 28 години е за да им се угоди на политичари, функционери, криминалци и олигарси, а ние обичната раја тоа го покриваме. Знам дека не е коректно од моја страна да мешам политика на форум за автомобили, се извинувам за тоа, ама во контекст со каматните стапки ми е муабетот.