А што значи правилно одржувано? Еве да речеме купуваш половно возило до 100.000км. Генерално на возило со 100.000 поминато треба да имаш доказ дека му е правен редовен сервис, и можеби дошло време за промена на плочки. Особено ако е возило од повисоката класа и е на лизинг како работно возило тогаш сакал неќел мора да го сервисираш. Истото важи и за приватно лице. Барем првите 2-3 години ќе го носиш во официјален сервис поради гаранција.
Комбинација на километража и година на старост се подеднакво важни. Кола 3 години стара со 100.000 поминати си држи добра цена поради самиот факт што е редовно одржувана за тие три години сакале или неќеле. (генерализирам)
Купување на 5-10 години стар автомобил со 100-150.000 поминато статистички гледано само има поголема шанса да има лажна километража, да има минимален дефект некаде, да е нередовно оджувана т.е. не се менуване делови од подвозје на време, ставани евтини делови итн.
Повеќе литражните возила со богата опрема најчесто биле возени од луѓе кои можеа да си ги дозволат прво да ги купат, а после да ги оддржуваат.
Во тие 10-15 години, минимум 7-8 години биле во раце на луѓе кои вложувале сериозни пари во добри сервиси и квалитетни делови.
Во тие 7-8 години возилото било тинтрено пазено и слично.
Е сеа после тие 7-8 години се критичните моменти во кои раце ќе падни едно возило. Некој rule of thumb, можда ќе се согласите, можеби не, најчесто повеќе литражните возила „паѓаат“ во раце на ентузијасти кои стварно го знаат моделот, не им е до штедење и сакаат да уживаат во тој момент. Значи максимално се трудат да го оддржуваат возилото во нивните можности.
Ова особено значи за оние сервисни интервали. Се да биде запазено и предвреме санирано да се избегнат поскапи дефекти.
Многу прост пример, да речеме менување на масло.
Да, ОК според спецификации мора да биде Castrol Edge не знам што, што е 1000 денари 1 литар, ама ако некој се разбира во масла, ќе знае дека тој и тој модел на BMW да речеме, може да користи и поефтино, но сепак поквалитетно масло што ги задоволува LL-4 стандардите.
Можеби ќе го менува почесто, а не на 20 000км, ама ќе ги запази тие стандарди и нема да има никаков проблем.
Муабетот ми е, да се размислува и посветува внимание на возилото.
Full service history е убаво да има. Најубаво. Некогаш нема ете. Ама после 15 години веднаш се познава кое возило било мазено/пазено а кое „Абе тури му било какво масло нека вози, небаре менува нешто то“.