Автор Тема: BMW 320 - 520/525/530  (Прочитано 20024 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #60 на: 31 Октомври 2017, 15:56:59 pm »
Правилно одржување значи:

- Редовен сервис кај официјален сервисер (поддржан со соодветна сервисна историја како во сервисна книшка, така и во евиденција на производителот)
- Користење на оригинални или квалитетни бренд-нејм заменски делови.
- Редовно прегледување и внимавање на секој несекојдневна појава (чудно звукче, тропкање, а-у).
- Редовно менување на сите потрошни материјали (од глицерин, преку антифриз, до масла, до плочки, дискови, итн).
- Несилување на автомобилот.
- По било каков (мал, естетски) удес, возилото да биде проверено и вратено во првобитна состојба.
- Редовно перење (да, и тоа се брои, и тоа многу)
- Непушење во кола
- Доколку е потребно, хемиско чистење и чистење на клима-уред.
- Проверка и замена на брисачи
- Проверка и замена на сијалички
- Редовна (во Македонија барем еднаш годишно) проверка на подвозје, центрирање предница, итн.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #61 на: 31 Октомври 2017, 16:43:12 pm »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #62 на: 31 Октомври 2017, 16:57:38 pm »
Многу интересно видео! Благодарам!

Отсутен dangthe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #63 на: 31 Октомври 2017, 17:00:16 pm »

Кога ќе чујам муабет од типот на "ај бе брат не се нормални овие у официјален сервис, 400 евра за браник, а оној онде го продава за 150" ми се крева коса на глава.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #64 на: 31 Октомври 2017, 17:04:09 pm »
Ова конкретно не е за браник туку за структурен дел од возилото. Дел кој има задача да апсорбира тони тежина и контролирано да се деформира.

Браник или лим нема таква задача.

Отсутен dangthe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #65 на: 31 Октомври 2017, 17:15:25 pm »
Ова конкретно не е за браник туку за структурен дел од возилото. Дел кој има задача да апсорбира тони тежина и контролирано да се деформира.

Браник или лим нема таква задача.

Како пример го дадов за луѓе што сакаат да ушпараат и мислат дека оригинални делови не вредат, знам дека не е браник

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #66 на: 31 Октомври 2017, 19:44:41 pm »
А што значи правилно одржувано? Еве да речеме купуваш половно возило до 100.000км. Генерално на возило со 100.000 поминато треба да имаш доказ дека му е правен редовен сервис, и можеби дошло време за промена на плочки. Особено ако е возило од повисоката класа и е на лизинг како работно возило тогаш сакал неќел мора да го сервисираш. Истото важи и за приватно лице. Барем првите 2-3 години ќе го носиш во официјален сервис поради гаранција.

Комбинација на километража и година на старост се подеднакво важни. Кола 3 години стара со 100.000 поминати си држи добра цена поради самиот факт што е редовно одржувана за тие три години сакале или неќеле. (генерализирам)

Купување на 5-10 години стар автомобил со 100-150.000 поминато статистички гледано само има поголема шанса да има лажна километража, да има минимален дефект некаде, да е нередовно оджувана т.е. не се менуване делови од подвозје на време, ставани евтини делови итн.

Повеќе литражните возила со богата опрема најчесто биле возени од луѓе кои можеа да си ги дозволат прво да ги купат, а после да ги оддржуваат.

Во тие 10-15 години, минимум 7-8 години биле во раце на луѓе кои вложувале сериозни пари во добри сервиси и квалитетни делови.

Во тие 7-8 години возилото било тинтрено пазено и слично.

Е сеа после тие 7-8 години се критичните моменти во кои раце ќе падни едно возило. Некој rule of thumb, можда ќе се согласите, можеби не, најчесто повеќе литражните возила „паѓаат“ во раце на ентузијасти кои стварно го знаат моделот, не им е до штедење и сакаат да уживаат во тој момент. Значи максимално се трудат да го оддржуваат возилото во нивните можности.

Ова особено значи за оние сервисни интервали. Се да биде запазено и предвреме санирано да се избегнат поскапи дефекти.

Многу прост пример, да речеме менување на масло.

Да, ОК според спецификации мора да биде Castrol Edge не знам што, што е 1000 денари 1 литар, ама ако некој се разбира во масла, ќе знае дека тој и тој модел на BMW да речеме, може да користи и поефтино, но сепак поквалитетно масло што ги задоволува LL-4 стандардите. 

Можеби ќе го менува почесто, а не на 20 000км, ама ќе ги запази тие стандарди и нема да има никаков проблем.

Муабетот ми е, да се размислува и посветува внимание на возилото.

Full service history е убаво да има. Најубаво. Некогаш нема ете. Ама после 15 години веднаш се познава кое возило било мазено/пазено а кое „Абе тури му било какво масло нека вози, небаре менува нешто то“.