Да башка е за изгубена, нови бројки даваат (не знаев), а за оштетена/и исти ти изработуваат.
Закон за возила:
Член 37
Замена на регистарски таблици(1) Сопственикот на возилото е должен да ги замени регистарските таблици со
нови, кога барем една регистарска таблица е изгубена, уништена или оштетена,
или кога поради долго користење станале неупотребливи или нечитливи.
(2) При замена за изгубените регистарски таблици се издаваат нови
регистарски таблици кои носат друг регистарски број, различен од бројот на
изгубените регистарски таблици.
(3) При замена за уништените или неупотребливите регистарски таблици се
издаваат нови регистарски таблици со истиот регистарски број.
(4) Уништените и неупотребливите регистарски таблици од ставот (1) на овој
член се враќаат на надлежниот орган што ги издал.
За приколки вака викаат:
Доколку имам купено приколка до 750 кг т.е. О1 категорија можам да ја возам приколката на кое било моторно возило?
Постојат два начина за управување на овој тип на приколка. Доколку побарате само трета таблица за приколката, тогаш може исклучиво да ја влечи она моторно возило за кое се бара трета таблица и го користи истиот зелен картон од вечното возило. Но, доколку приколата ја регистрирате, добивате посебна таблица, сообраќајна и зелен картон и на тој начин приколата може да биде управувана од кое било влечно моторно возило и возило со странски таблици.