Автор Тема: Изгубени таблици  (Прочитано 16509 пати)

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7330
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Изгубени таблици
« Одговори #30 на: 09 Март 2021, 08:15:39 am »
Еве ви и цена, 700ден за 1 таблица замена на оштетена.

Отсутен Budweiser

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 108
  • Opel Astra H GTC
Одг: Изгубени таблици
« Одговори #31 на: 09 Март 2021, 21:52:05 pm »
Epa decki vaka...
Denes bev na tehnicki konkretno vo PSS novo lisice
Ja vrativ ednata tablica sto mi ostana
Popolniv edna izjava za izgubena tablica
Si plativ 2000 denari
I mi dadoa nova soobrakajna i novi tablici so drug broj
Celata rabota se zavrsuva samo na tehnicki

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 800
  • .
Одг: Изгубени таблици
« Одговори #32 на: 02 Јули 2026, 12:15:19 pm »
Службен весник на Република Северна Македонија Редакциски пречистени текстови
33 од 102

Замена на регистарски таблици Член 37
(1) Сопственикот на возилото е должен да ги замени регистарските таблици
со нови, кога барем една регистарска таблица е изгубена, уништена или
оштетена, или кога поради долго користење станале неупотребливи или
нечитливи.
(2) При замена за изгубените регистарски таблици се издаваат нови
регистарски таблици кои носат друг регистарски број, различен од бројот на
изгубените регистарски таблици.
(3) При замена за уништените или неупотребливите регистарски таблици се
издаваат нови регистарски таблици со истиот регистарски број.
(4) Уништените и неупотребливите регистарски таблици од ставот (1) на
овој член се враќаат на надлежниот орган што ги издал.
(5) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
за прекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите
од ставот (1) на овој член.
(6) Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече за прекршок на правно лице што постапува спротивно на одредбите од
ставот (1) на овој член.
(7) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот
(6) на овој член.

Од причина што вчера изгубив а подоцна и ја пронајдов предната регистарска табличка на колата која што е во добро стање само што е згмечена малку и ми боде очи, денес се јавувам кај повеќе станици за технички преглед за менување на стари таблички со нови, без да ми се менува регистарскиот број,  ми викаат такво нешто не постои, а според закон кој е на сила како што е пропиошано погоре, постои таква опција опишано во ставот (3).

Полиција, која сама предлага закон, казнува според тој закон, а не го разбира својот закон :-\
VW MK-7 (1.6 тди)

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7330
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Изгубени таблици
« Одговори #33 на: 02 Јули 2026, 12:33:53 pm »
Оштетена таблица можиш да замениш, освен ако не го сменале законот за возила последнава година со сејф сити.
Знам чоек шо замена една, пред неколку години оти го закачија одназад.

ЕДИТ: Ете сум пишувал порано тука, отпосле видов.