Мислам дека споредбата меѓу голф и октавија е тотално утната. Тотално различна целна група на купувачи е во прашање. Чисто сумњам дека некој што купува голф ќе оди да проба и октавија. Леон да, ама октавија не. Освен секако ако не станува збор за караванската верзија каде најбитно е големината на гепекот и просторот во кабината. Мене октавијата ми е одбивна, кола направена за максимално искористување на меѓуоскин простор на една шасија хенс и грдиот профил како да виси на од напрад и назад врз шасијата, колата е ''седан'' а нема силуета на таков затоа што гепекот е како насаден заради максимална искористеност, ентериерот е ... од каде да почнеме: Од послаб квалитет на кожа на волан и шалтер, екран на допир со послаба резолуција и контраст, рачката на шалтерот е прелесна и има погруб од, многу малку меки пластики, отсуство на изолација под хауба, отсуство на амортизер за хауба, неизолиран гепек, штофот на седишта е типичен шкода ист како во 10 години стара фабија и има малку најлонски филинг на допир, сигурно и стаклата се потенки итн итн... Многу работи кој секој од форумот би ги приметил затоа што барем малку е ентузијаст на коли. Ама на страна тоа. Кој би купил октавија? Сигурно не 20-30 годишен млад човек со/без мала фамилија а таквите луѓе ги гледам меѓу другото како ќе возат и голфови, леони, мазда 3ки, кантримен, а класа на мечка... Абе нека е и дупло поевтина, нема да ја купам ќе возам ако треба и половна 6ка ама не ја купувам.