Па нормално е тоа ако полниш од една бензинска, самото палење и компјутер на колата е адаптирано на тоа гориво.
Ако ставиш од друга држава(подобро/полошо гориво) треба барем околу пола резервоар да се адаптираат сите параметри по горивниот систем.
Првиот пат кога ставив Шел ВиПауер 100+ во Германија на претходното бмв бев страшно разочаран од работата на моторот - груба и многу погласен звук, со променлив одзив на гас, чудно замислување на тргнување од семафор. После 300км и едно испукување на автопат, моторот работеше сосема различно отколку на обична 95ка од буџет бензинска пумпа.