Simo,
Јас имам очајно искуство со таа пумпа. Окта е само на топикот, инаку со Окта нема врска. Окта и така не работи повеќе години, и е само увозник на рафинирани горива.
Тие пумпи кои имаат значка Окта се приватни ( фирмата е Пуцко Петрол ), можат, и набавуваат гориво од каде сакаат, впрочем како и Макпетрол и останатите. Лукоил така и си ги изгубија купувачите, претераа во варијабилност на квалитетот.
Јас со таа пумпа имав проблем со нафтата, очајно беше, облаци на прво палење насабајле кај сите возила. Ги сменив отидов во Лукоил, кои држеа ниво. Ама почнаа и тие да играат. Приметив по RaceChip-от кој бара квалитетно гориво. Со нафтата од Лукоил, колата идеше у safe mode, а кога се пребацив конечно на Макпетрол, никаков проблем нема. Засега, до првата наредна глупост.
Со бензинот имаше проблем возилото со ТСИ мотор ( треперење на мал гас ) . Пребацено у Макпетрол, проблемот го снема. Изгледа у Макпетрол се подопаметија, или барем засега држат до некакво ниво.
Инаку во нашето соседство, на север, тури еднаш гориво на ГазПром. Газди се на модернизираната рафинерија Панчево. ( Една бензиска имаш пред Белград а друга во правец накај Скопје, кај Ниш ) . Е ондак имаш Ракета. Мноооогу приметно. И да, ако си по кафето, illy нудат, наместо некави измислици на отров, по другите.
И да OMV во Србија се приватни, со франшизи, ама со оглед дека и тие ( а и српскиот Лукоил ) купува гориво од Панчево, нашите северњаци имаат далеку подобри горива од нас тука.
„Окта“ на Партизанска има добра - Кујна - take away
.