Eve nesto interesno za kvalitetot na derivatite...
Граѓаните се гушат, а никој не проверува каков е квалитетот на горивата!Во Македонија постои сериозен проблем со контролата на квалитетот на горивата кои се продаваат на бензинските пумпи, предупредуваат експерти за Фактор. Иако неквалитетните горива, зголеменото присуство на сулфур и на штетни честички во бензините се една од главните причини за загадувањето на воздухот, надлежните и покрај сите ветувања не успеваат да воспостават систем за редовна и систематска контрола на квалитетот на горивата. Според сегашната состојба редовна контрола за квалитетот на горивата се прави само при нивниот увоз од страна на царината, додека подоцнежната употреба на горивата на пумпите останува проблем. Професорот Миле Димитровски од машинскиот факултет во Скопје вели дека тој веќе не е запознаен со квалитетот на горивата во земјата, бидејќи од пред две години веќе не ги гледа анализите на квалитетот.
Кај мене не носат веќе материјали за анализи, носеа порано, но сега го носат во други лабаратории, во ОКТА, Макпетрол, и некоја друга лабараторија. Така да порано бев во тек со квалитетот, но денес не знам, и ве упатувам за квалитетот за горивата да прашате во лабараториите кои денес го мерат, верувам дека имаат информации – вели Миле Димитриевски, професор на Машинскиот факултет од Скопје
Од Министерството за економија за Фактор велат дека во однос на квалитетот на течните горива се применува правилник донесен во 2007 – та и дополнет во 2008 – та година. Од економија велат дека правилникот е усогласен со европските стандарди и директиви, а инспекцискиот надзор го врши Државниот пазарен инспекторат. А од инспекторатот за Фактор велат дека тие немаат одредени или редовни термини за контрола на квалитетот на горивата. Исто така потврдуваат дека немаат ниту план колку пати и во кој временски интервал годишно треба да ја направат контролата, бидејќи во буџетот немаат посебно предвидени пари за таа намена.
Ние сепак правиме контроли, еве на пример пред два месеца од 15 бензиски пумпи земавме по два примерока од „евро – супер 95“ и “Дизел“ горивото. Од сите 30 примерока најдовме отстапување на граничните вредности во однос на зголемено ниво на сулфур. Во горивата имаше околу 40 милиграми, наместо дозволените 10 – велат од Државниот пазарен инспектора
Од Државниот пазарен инспекторат појаснуваат дека контролите ги прават во две акредитирани лабаратории, на ОКТА и на Макптерол.
ДРЖАВАТА СЕУШТЕ НЕМА СВОЈА ЛАБАРАТОРИЈА ЗА ПРОВЕРКА НА КВАЛИТЕТОТ НА ГОРИВАТА
Иако со години се зборува за проблемот околу немањето на државна лабараторија за проверка на квалитетот на горивата, ништо сеуште не е направено на тој план. Познавачите велат дека по опремувањето на Институтот за Хемија при Природно математичкиот факултет со современа лабараторија за испитување на квалитетот на горивата, очекувале токму таа да стане референтна лабараторија, но тоа не се случи а причините се ...
http://faktor.mk/archives/90016