Вака коа ги читам коментариве, ми доаѓа да вриснам. Една факинг Србија има брендови на бензини, а ние како сирачиња, ќе се радуваме на руска нафта, додека возиме европејски возила.
Преку таквое ми е да барам во која пумпа има гориво кое држи некаков квалитет. Ние немаме независна лабораторија за оценка на квалитетот на горивата, и се што можеме е да се ослонуваме на „шоферски муабети“. На времето се сеќавам дека за бензиската кај румунска се викаше дека највеќе краделе.
Она што грешиме е воопштувањето, прво на типот на горивото, а после и на брендот на пумпата. Кај мојот случај јасно кажав дека ова го констатирам со бензинот, и тоа со јасна спредба на два бренда, во повеќе наврати, за да мојата констатација биде што попрецизна, и да не зависи од дотурот. Она што констатирав е дека колата генерално исто влече, ама треперењето на мал гас ( уште еднаш кажувам невидлив на обртометарот ) се јавува само кај Лукоил.
Со нафтата не сум имал никогаш проблем, напротив, на 2-3 наврати кога напунив во Макпетрол ( ете кај румунска ) беше очај, колата фрапантно имаше губиток на снага.
Моменталната одлука за пунење е
Макпетрол - Бензин 95
Лукоил - Дизел