Јас исклучиво ставам нафта од Лукоил. Еднаш двапати им дадов шанса на МП, меѓутоа осетив разлика во работата на моторот, снагата и потрошувачката - во негативна смисла, и оттогаш идам само на Лукоил.
Едно нешто што ме зачуди, а што го приметив пред некое време, е дека постои разлика на нафтата од бензиска до бензиска на самиот Лукоил. Не ми беше јасно и си викам, па истата фирма е = иста нафта, меѓутоа еве погорните постови и-те-како ме уверуваат во моите сомнежи.
Според мене, најдобро колата работи на нафта од ЛО на Првомајска, (сегашна Борис Т.) - највеќе минувам км, моторот работи смирено а и поретко се уклучува ДПФ-то.
Ова го зборам затоа што пред некој месец ставив од ЛО на влезот во Скопје, Автокоманда, и тоа беше таква тиња од нафта, што ја потрошив на чистење на филтерот, а извозев ич км. Може таква цистерна погодив, меѓутоа сега не ни помислувам друг пат да застанам тука и да точам нафта.