Значи точено е гориво на Илинденска,Партизанска и во Влае на таа што има и метан.
Очигледно е дека сите сте во право и во никој случај нема да докажам дека Макпетрол е крив.
Иначе Кими,ако во сервис сакаа да ме заебаваат прво немаа основ ништо да проверат зошто кога ја однесов колата во сервис не покажуваше дека нешто не е во ред, пораката се избриша,второ татко ми е малку напорен човек и им стоел на глава додека го правеле тоа,а и јас ќе го направев истото ама бев на работа и трето не ми наплатија ништо иако не е нивна грешка.
Во Аутомотив можеа да ме одјебат бидејки колата не покажува никакви знаци дека нешто не е во ред а они сепак поверуваа на муабет и проверија што се случува.
Ја прочепкав по интернетов и видов дека не сум ни прв ни последен што му се случило вакво нешто низ светов и кај сите бил проблемот во водата во горивото.
Филтерот за нафта има сензор за вода и го регистрира тоа и го јавува на бордот за да те предупреди да си го решиш проблемот со време како не би настанало поголем проблем ако ја возиш колата така.
Како и да е,очигледно е дека нема решение,останува само да се надевам дека нема да се случи пак,а ако се повтори добро е што јавува на бордот и пак ќе си ја носам на чистење,за жал тоа е нашата реалност
