Вчера ми се појави порака на Меганот да си го исчистам филтерот за гориво.Ме загрижи во прв момент,застанав ја изгасив колата,ја запалив пак светеше и после некое време се изгаси.После кратко време ја оставив колата и не ја возев потоа.
Денес се јавив во Аутомотив и ми рекоа дека не сум прв и дека треба да ја однесам колата кај нив.
Пред малку си ја земав колата и ми покажаа што извадиле од филтерот и системот за довод на гориво.Во шише од кока кола извадиле 1.7 литри вода и нечистотии.Ова го извадиле без да го вадат резервоарот,а којзнае уште што има во резервоарот.
Па да му ебам мајката,цело време ставам гориво на Макпетрол и тоа само на одбрани бензиски низ Скопје.Ова е катасторфа невидена.
Од Аутомотив ми посочија дека оваа вода и нечистотии во горивото можат да ми направат голема штета на системот на довод на гориво и пумпата за висок притисок.
Нивниот совет е да ги чувам сметките за гориво од каде што точам,па ако се случи нешто,да се тужам и расправам со Макпетрол.Значи во последниов период имаат многу вакви случаеви.
Не знам што е исправно,ама стварно веќе незнам каде да точам гориво.Ќе ми ја заебат колата мамата мамина!