Ај чисто бидејќи ми се укажа прилика, да направиме една споредба на Макпетрол „100“ка наспрема Shell V-Power Racing од Грција.
Ова е од логовите што ги правев последно на Макпетрол 100ка резервоар:


Додека ова се резултатите од денешното логирање на враќање од Грција, на истиот пат, при слични IAT (2-3 степени разлика), со мешавина 80% V Power Racing и 20% тоа што беше останато од Макпетрол 100 октанското.


Скриншотите ги фатив блиску при редлајн, на околу 7200 вртежи, иако однесувањето беше исто низ целиот опсег. На Шел горивото константно колата најде уште еден екстра степен на палење, иако мапата е целосно иста, а вклучително и самите корекции се многу помали. Иако и резултатите од Макпетрол горивото се генерално добри, сепак не дава перформанси на прописно 100 октанско гориво.
Дополнително, на Макпетрол горивото редовно има 1-2 knock настани во моментите кога од ниски вртежи ќе дадам полн гас, додека кај Шелот тоа го нема.
Дали ќе смени нешто на просечна кола? Најверојатно нема и не вреди дупло разликата во цена. Ама дека има разлика за мотори со високи перформанси, има.