Одлично што си заминува Лукоил, односно што се продава и што некоја германска компанија со седиште на Кипар ќе го преземе. Неможам точно да се сетам на името, но тоа е сосема во ред – важно е дека ќе има промени. Лукоил секогаш имаше квалитет, тоа мора да се признае, и јас бев нивен долгодишен клиент, секогаш таму точев гориво. Но мене лично многу ми смета нивната политика – генерално, глобално. Каде што руска или кинеска нога ќе стапне, таму пустош останува.
Погледни ја Србија – доведена е на просјачки стап, а можеше одамна да биде дел од ЕУ и да биде стабилна и напредна земја. На Балканот, секој кој се фатил во оро со Русија – го снемало. Не постои поголем душман на човекот од таа нивна политика.
Одлично е што ги нема веќе тука. Македонија треба целосно да биде далеку од такви влијанија – и тоа е добро, бидејќи реално немаме никаква потреба од нив. Тие таму на исток  ние тука никаква допирна точка.Нека си седат таму и нека се патриоти замислите  една  третина од светот се, а ништо суштински не создале – освен нафта, оружје и пропагандадруго што?. Се претставуваат како светска сила, а всушност се заглавени во 40-тите години со комунистички менталитет и застарени мислења.
Не ги напаѓам народски – соработувам со руски државјани последнава година. Писмени луѓе, културни, живеат тука веќе 4–5 
години и од нив уште подобро ми е јасно сè. Најголем успех за еден Русин денес е да живее во Европа и да се спаси од таму.
Гориво ќе има и понатаму – истото, само што ќе биде под друго име, продадено на друг, и така во круг. Најважно е да сме што подалеку од нив и нивното влијание.