Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 644978 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8892
  • Малерозен дрводарец
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3660 на: 16 Август 2025, 02:38:13 am »
Дали некој налетал на лош бензин од макпетрол во последниве две недели.
Меривата прво почна да не пали од прва на прво палење. Па како ја возев на бензин се повеќе гушеше и сецкаше. На плин немаше никаков проблем. Прееска ставив ново гориво исто од макпетрол и симптомите магично исчезнаа.

Во истиот период и другар ставил бензин на истата пумпа (Влае према центар) во сеат леон и му светнало чек енџин но без никакви проблеми во возење. На тестер покажало лошо гориво.

Некој друг со вакви симптоми?

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk



Чичо, не зафркавај и ти сега...

Повеќе параметри:
- плин
- еден ден / друг ден, без плин, со плин
- некој друг имал check engine...

Нит бранам, а уште помалку напаѓам.
Другаров возел од нова (2011-та) до 2016-та.
После тоа јас, до денес, секогаш полнето на Макпетрол.

Не сум видел вакво нешто како што кажуваш.

Гушење и сецкање (сега, не знам во колкава мера е кај тебе), тоа сум видел - при доцнење со редовен сервис, кога поминало над 13 илјади километри отприлика, но исто така и временски далеку повеќе од година (онаа ебена корона, името да не ѝ го клаам...)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8000
  • Плинаш!!!
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3661 на: 16 Август 2025, 03:03:54 am »
Да

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
Чест симптом за неквалитетен бензин,смени бензинска.Прави пуу-пуу типично за бензинец знам по себе дали возиш возило под 2010год?
Не само што правеше пу пу туку како да и беа умрени едно 15-20 коња. Ќе видам утре како ќе се понаша. Инаку колата е 2006та.
Дали некој налетал на лош бензин од макпетрол во последниве две недели.
Меривата прво почна да не пали од прва на прво палење. Па како ја возев на бензин се повеќе гушеше и сецкаше. На плин немаше никаков проблем. Прееска ставив ново гориво исто од макпетрол и симптомите магично исчезнаа.

Во истиот период и другар ставил бензин на истата пумпа (Влае према центар) во сеат леон и му светнало чек енџин но без никакви проблеми во возење. На тестер покажало лошо гориво.

Некој друг со вакви симптоми?

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk



Чичо, не зафркавај и ти сега...

Повеќе параметри:
- плин
- еден ден / друг ден, без плин, со плин
- некој друг имал check engine...

Нит бранам, а уште помалку напаѓам.
Другаров возел од нова (2011-та) до 2016-та.
После тоа јас, до денес, секогаш полнето на Макпетрол.

Не сум видел вакво нешто како што кажуваш.

Гушење и сецкање (сега, не знам во колкава мера е кај тебе), тоа сум видел - при доцнење со редовен сервис, кога поминало над 13 илјади километри отприлика, но исто така и временски далеку повеќе од година (онаа ебена корона, името да не ѝ го клаам...)
Чичо, све на време сменето, дури и пред време. Две недели ги пратам сите параметри преку обд и се е во ред нема  грешки, освен еден параметар што покажува дека еку-то  додава 15% повеќе горивото што во нормала би требало да биде макс 5-7%.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3662 на: 16 Август 2025, 03:43:35 am »
Бс95 натанкај од Лукоил и мирен си.Што ѓаол те тера со тој Макпетрол проклет да е красни коли упропастија на луѓе не сипувај таму не си единствен поготово за постари коли народ плаче…
« Последно менување: 16 Август 2025, 03:48:54 am Jimny »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3663 на: 16 Август 2025, 10:26:33 am »
Бс95 натанкај од Лукоил и мирен си.Што ѓаол те тера со тој Макпетрол проклет да е красни коли упропастија на луѓе не сипувај таму не си единствен поготово за постари коли народ плаче…

А зошто јас со бензините од Лукоил на ладен мотор имав проблеми со прво палење, а го немам со 95ка од Макпетрол ?

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 812
  • The best or nothing.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3664 на: 16 Август 2025, 10:36:26 am »
Затоа што твојата кола има воведено санкции кон Русија и руската нафта.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3665 на: 16 Август 2025, 10:49:31 am »
Види, покрај двата бензина на Лукоил (95 и 98), исто така истиот проблем и со 100 октанскиот на Макпетрол го правеше.
И тоа само зимно време со двата бензина од лукоил и 100ката од макпетрол на изладен мотор.

Само со 95ка Макпетрол не прави така.
И бидејки потоа откако ќе запали, нема никаква разлика меѓу сите тие бензини, одлучив да не се замарам и да точам само 95ка од Макпетрол.
Секако и Макпетрол е најзастапена бензиска кај нас, така да уште помалку замарање дали го имало или немало Лукоил по останативе градови.

И службените коли пошто имаме картички од Макпетрол па само таму точиме, ене 300 000 уште малку ќе направи рапидот, никаков проблем, ни со плин ни со бензин, колата буквално не е изгасена, само се вози по патиштата.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3666 на: 16 Август 2025, 10:59:04 am »
Бс95 натанкај од Лукоил и мирен си.Што ѓаол те тера со тој Макпетрол проклет да е красни коли упропастија на луѓе не сипувај таму не си единствен поготово за постари коли народ плаче…

А зошто јас со бензините од Лукоил на ладен мотор имав проблеми со прво палење, а го немам со 95ка од Макпетрол ?

Другар, мислам дека многу пати е зборено – јас сум човек кој кога ќе најде квалитетна услуга, не експериментира. Затоа и кажувам, да не урочам, ама за мене Лукоил е најдобар. Нема никаков проблем со колата, си точам исклучиво БС 95 и не ме интересираат други бензини – 100 октани, ваков или онаков. Исклучиво БС 95, и тоа на релативно нови коли работи перфектно и по книга ако се водиш од аутото стои бс95 и на капакот поготово за јапонски возила.

Исто така, еве една идеја за газдата на форумот – нека направи интервју со машински инженери, професори или луѓе од струката, за да објаснат зошто има проблеми со горивото кај одредени снабдувачи.Па ете ке прочитаме и слушнеме плус мислење.

Како што човек има свои симптоми и различни реакции, така и колата реагира различно. Јас имам еден совет од професор машинец – ми велеше: „Ако е бензин, сипувај само БС 95 и мирна глава“.

Една препорака од мене: избегнувајте пумпи што се покрај автопат, тие се со поголем ризик, подобро точете пример така лукоил кај се наоѓа ченто, или така нешто тие покрај автопат се прометни и можеби се не поквалитетни да побргу потрошат горивото.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3667 на: 16 Август 2025, 11:06:43 am »
Ти паѓа во вода целиот муабет, не изнесуваш никакви аргументирани факти.

За разлика, јас ти изнесувам податоци од 3 години наназад дека немам никакви проблеми со бензинот од Макпетрол.
Немаат проблеми ниту службените возила што го возиме, а точиме само на Макпетрол.

Еве пример и фактот да не точиме гориво на бензински по автопат исто така ќе ти падне во вода бидејки редовно точиме плин (а и бензин кога е при крај) на Макпетрол што е на автопат покрај Велес.

Последно ставав и дизел таму на тој Макпетрол на автопат на Октавија 1.6 тди со 435 000 км поминати, и никаков проблем и со дизелот.
Поточно никаков проблем и самата кола нема, сите 435 000 км и се поминати со дизел од Макпетрол бидејки нашата фирма ги користи горивата од Макпетрол.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3668 на: 16 Август 2025, 11:11:07 am »
Како паѓа, јас лично сум имал проблеми со Макпетрол баш како што кажува Жиле, тоа пукање, трзање… пуу пууу.
Исто така и кај некои мои роднини имаше исти проблеми со горивото од Макпетрол.
Тоа за мене е доволен знак дека проблемот бил токму од горивото на Макпетрол.
Од кога сменив и почнав да точам исклучиво на Лукоил – немам никакви проблеми.

КАКО ШТО ТИ НЕМАШ ПРОБЛЕМИ СО МАКПЕТРОЛ ГОРИВОТО ТАКА ЈАС НЕМАМ СО ЛУКОИЛ.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3669 на: 16 Август 2025, 11:13:55 am »
Епа јас на моето возили и на уште 20тина возила во фирмата немаме проблеми со горивото од Макпетрол.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3670 на: 16 Август 2025, 11:18:47 am »
Епа јас на моето возили и на уште 20тина возила во фирмата немаме проблеми со горивото од Макпетрол.

Баш убаво супер нека остане така,мирна глава.Јас веќе неколку години не знам како е на макпетрол да се наточи.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30067
    • CARclub.mk
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3671 на: 16 Август 2025, 12:20:55 pm »
Тогаш, ако (како што и самиот кажуваш) „веќе неколку години не знаеш како е на макпетрол да се наточи“, како можеш да зборуваш за квалитетот на горивото на Макпетрол?

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3672 на: 16 Август 2025, 12:38:08 pm »
Тогаш, ако (како што и самиот кажуваш) „веќе неколку години не знаеш како е на макпетрол да се наточи“, како можеш да зборуваш за квалитетот на горивото на Макпетрол?
Се подразбира од претходното катастрофално и болно искуство со таа компанија која нуди продажба на своето гориво.Некои рани тешко зараснуваат.А се надевам дека во меѓувреме се подобриле или работат на подобрување на квалитетот на горивото кое го продаваат.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1725
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3673 на: 16 Август 2025, 13:52:23 pm »
Дали некој налетал на лош бензин од макпетрол во последниве две недели.
Меривата прво почна да не пали од прва на прво палење. Па како ја возев на бензин се повеќе гушеше и сецкаше. На плин немаше никаков проблем. Прееска ставив ново гориво исто од макпетрол и симптомите магично исчезнаа.

Во истиот период и другар ставил бензин на истата пумпа (Влае према центар) во сеат леон и му светнало чек енџин но без никакви проблеми во возење. На тестер покажало лошо гориво.

Некој друг со вакви симптоми?

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk



Чичо, не зафркавај и ти сега...

Повеќе параметри:
- плин
- еден ден / друг ден, без плин, со плин
- некој друг имал check engine...

Нит бранам, а уште помалку напаѓам.
Другаров возел од нова (2011-та) до 2016-та.
После тоа јас, до денес, секогаш полнето на Макпетрол.

Не сум видел вакво нешто како што кажуваш.

Гушење и сецкање (сега, не знам во колкава мера е кај тебе), тоа сум видел - при доцнење со редовен сервис, кога поминало над 13 илјади километри отприлика, но исто така и временски далеку повеќе од година (онаа ебена корона, името да не ѝ го клаам...)

Ми се има и мене случено, еднаш-2 пати, особено кога почна војната, вечерта пред да скокне нагло цена дали ставаа старо гориво не знам што беше ама еднаш дури и на сервис ја однесов 335ката од што не работеше добро. Ама ова се ептен ептен исклучоци и треба ептен да начекаш.

Инаку, пошто гледам дека многу анегдоти се споделуваат за горивата на Макпетрол, јас имам да понудам точни бројки. Имено, денес правев логови од БМВто за да пратам на тјунерот, на Макпетрол 100ка кое најголем дел во резервоарот беше од бензинската во Охрид каде што @fuzzjaw кажа да не се точи. Мапата ми е подесена за 98 октанско гориво и Макпетрол 100ката, гледајќи спрема тајминзите, корекција на тајминзите, таргет наспрема реална ламбда вредност за мешавина на гориво уствари се однесува како ептен квалитетна 98ица, ама не е баш 100ка. Со оглед на тоа што цената на „100ката“ во Макпетрол е иста како 98иците на друго место, има и смисла :) Она ЧетЏиПиТи што ми кажа е дека најверојатно е 98ица со екстра адитиви.

Бидејќи амбиенталната температура беше 32C кога тестирав, утре ќе правам повторно логови се надевам малку порано од денес за да биде амбиенталната барем некои 4-5 степени пониска. Моментално скоро цел резервоар е полн со Макпетрол 100ка од кај АМСМ, па ќе споделам и за тоа. Дополнително ќе гледам да направам и некој лог со горивото од ТопТрејд, и да биде во слични временски услови.

Така да, не гледам веќе потреба од шпекулации. Макпетрол има одличен бензин (бар 98ицата). :)

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3674 на: 16 Август 2025, 13:53:31 pm »
Јас на 1.6дци за кратко време од кога ја купив се префрлив на лук оил, после 1-2 месеци на секое тргање на семафор колата си сецкаше, по мајстори спомнуваат потисни плочи, дизни и сл. работи,  незнаев кој мајстор е во право па у меѓувреме се вратив на макпетрол и после месец дена го снемува сецкањето.
Не ми се веруваше дека до тоа било па пак да си потврдам се враќам на лук оил стандард за месец дека пак почнува да сецка и дефинитивно си се вратив на макпетрол нема што да се докажува веќе до горивото било.