Дали некој налетал на лош бензин од макпетрол во последниве две недели.
Меривата прво почна да не пали од прва на прво палење. Па како ја возев на бензин се повеќе гушеше и сецкаше. На плин немаше никаков проблем. Прееска ставив ново гориво исто од макпетрол и симптомите магично исчезнаа.
Во истиот период и другар ставил бензин на истата пумпа (Влае према центар) во сеат леон и му светнало чек енџин но без никакви проблеми во возење. На тестер покажало лошо гориво.
Некој друг со вакви симптоми?
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
Чичо, не зафркавај и ти сега...
Повеќе параметри:
- плин
- еден ден / друг ден, без плин, со плин
- некој друг имал check engine...
Нит бранам, а уште помалку напаѓам.
Другаров возел од нова (2011-та) до 2016-та.
После тоа јас, до денес, секогаш полнето на Макпетрол.
Не сум видел вакво нешто како што кажуваш.
Гушење и сецкање (сега, не знам во колкава мера е кај тебе), тоа сум видел - при доцнење со редовен сервис, кога поминало над 13 илјади километри отприлика, но исто така и временски далеку повеќе од година (онаа ебена корона, името да не ѝ го клаам...)
Ми се има и мене случено, еднаш-2 пати, особено кога почна војната, вечерта пред да скокне нагло цена дали ставаа старо гориво не знам што беше ама еднаш дури и на сервис ја однесов 335ката од што не работеше добро. Ама ова се ептен ептен исклучоци и треба ептен да начекаш.
Инаку, пошто гледам дека многу анегдоти се споделуваат за горивата на Макпетрол, јас имам да понудам точни бројки. Имено, денес правев логови од БМВто за да пратам на тјунерот, на Макпетрол 100ка кое најголем дел во резервоарот беше од бензинската во Охрид каде што
@fuzzjaw кажа да не се точи. Мапата ми е подесена за 98 октанско гориво и Макпетрол 100ката, гледајќи спрема тајминзите, корекција на тајминзите, таргет наспрема реална ламбда вредност за мешавина на гориво уствари се однесува како ептен квалитетна 98ица, ама не е баш 100ка. Со оглед на тоа што цената на „100ката“ во Макпетрол е иста како 98иците на друго место, има и смисла

Она ЧетЏиПиТи што ми кажа е дека најверојатно е 98ица со екстра адитиви.
Бидејќи амбиенталната температура беше 32C кога тестирав, утре ќе правам повторно логови се надевам малку порано од денес за да биде амбиенталната барем некои 4-5 степени пониска. Моментално скоро цел резервоар е полн со Макпетрол 100ка од кај АМСМ, па ќе споделам и за тоа. Дополнително ќе гледам да направам и некој лог со горивото од ТопТрејд, и да биде во слични временски услови.
Така да, не гледам веќе потреба од шпекулации. Макпетрол има одличен бензин (бар 98ицата).
