Во нашава ни Мекедонија нема начин како да утврдиш квалитет на гориво односно гориво со параметри прифатливи за платеното. Порано имаше една „независна“ лабораторија во склоп на рафинерија, ама и таа не работи.
Квалитетот на гориво кај нас дефинитивно варира, и оставен е на слободната увозна политика, со оглед дека кај нас не се рафинира гориво. Се увезува се и сешто, и тоа сите го прават и никој ништо не им може. Брендот Окта е продаден бренд, и секоја од пумпите може да ( и си носи ) гориво од каде сака, без никаква контрола.
За еден од брендовите се шпекулира дека и пумпите се подесени да крадат, додуше малку ама на вкупно источено гориво, се работи за цело богатство.
Не постои реална конкуренција (осем некои мали пумпи) и едноставно малку или ич не се занимаваат со квалитетот, па така да останува на опцијата како ќе ти се посреќи за квалитетот.
Никој, за сите овие години не сака ( или е мотивиран) да се занимава со квалитетот на горивата во МК. Посебен и чест проблем се стоковите резерви кои завршуваат во пумпите на МП без да се третираат поради стоењето.
Ако горивата потекнуваат од рафинеријата во Атина, тогаш и секогаш се работи за најквалитетни горива. Се друго е терање мајтап со корисниците. Опција немаме, како и за многу други работи во државичкава ни наша.