Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 644966 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3645 на: 01 Јули 2025, 09:44:12 am »
Зборуваме за квалтитетот на горивата на ЛО и МП, или за морални и општествени вредности на компанииве? Пошто тоа е друга тема.. Би се запрашал каде оди дел од профитот на ЛО и што се финансира со истите...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5659
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3646 на: 01 Јули 2025, 10:32:41 am »
Jas na Arteonot po sovet daden od poveke luge (vklucitelno i serviseri i vraboteni vo Porsche) sto vozat diseli ponovi stavam na Makpetrol isklucivo.
I na rabota tocime isklucivo od Makpetrol radi sorabotka neli so tie karticite, i ne sme imale problem so nekoj od dizelite.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3647 на: 01 Јули 2025, 10:48:49 am »
Зборуваме за квалтитетот на горивата на ЛО и МП, или за морални и општествени вредности на компанииве? Пошто тоа е друга тема.. Би се запрашал каде оди дел од профитот на ЛО и што се финансира со истите...

Секако, важно е да направиме разлика меѓу квалитетот на горивата и услугата, и моралните или општествените вредности на компаниите – бидејќи и двете имаат свое место, но се различни теми.

Јас се фокусирав конкретно на квалитетот на горивото и целокупната услуга што ја добиваме како клиенти. Од лично искуство, но и од независни проверки, имам причина да верувам дека квалитетот на горивото кај Макпетрол (МП) е послаб во одредени периоди – особено кога по точење БС95 на повеќе возила се појавија проблеми, а подоцна се докажа дека изворот на проблемот било токму горивото сипано на МП. Од тогаш, ја изгубив довербата.

Дополнително, целокупниот пристап на вработените во ЛО (Лукоил) – начинот на услуга, однесување и професионалност – е на ниво што јасно се разликува од искуството што го имав со Макпетрол. А и не е тајна дека Макпетрол има историја на лош третман кон вработените, што исто така ми влијае како потрошувач – затоа што начин на кој се третираат луѓето внатре во една фирма, често се рефлектира и во услугата кон надвор.

Секако, моралните прашања – каде оди профитот, што се финансира итн. – се исто легитимна тема, и може да се отвори како засебна дискусија. Но кога зборуваме за што точно сипуваме во резервоарот и каков третман добиваме како клиенти, тука МП, според мое искуство, паѓа на тестот.


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4019
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3648 на: 01 Јули 2025, 11:53:33 am »
Само МакПетрол, 10 години само од таму користам дизел и до сега немало никаков проблем.

Плус последниве два месеци даваат ваучер преку Магента Моментс, па пола од горивотo ми дојде гратис.

Плус и дивиденда делат.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3649 на: 04 Август 2025, 15:39:47 pm »
Едно време еносеа квавлитетна премиум нафта, не сум ставил оддамна тука.
>>>>><<<<<

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3650 на: 04 Август 2025, 15:48:38 pm »
Зборуваме за квалтитетот на горивата на ЛО и МП, или за морални и општествени вредности на компанииве? Пошто тоа е друга тема.. Би се запрашал каде оди дел од профитот на ЛО и што се финансира со истите...

Секако, важно е да направиме разлика меѓу квалитетот на горивата и услугата, и моралните или општествените вредности на компаниите – бидејќи и двете имаат свое место, но се различни теми.

Јас се фокусирав конкретно на квалитетот на горивото и целокупната услуга што ја добиваме како клиенти. Од лично искуство, но и од независни проверки, имам причина да верувам дека квалитетот на горивото кај Макпетрол (МП) е послаб во одредени периоди – особено кога по точење БС95 на повеќе возила се појавија проблеми, а подоцна се докажа дека изворот на проблемот било токму горивото сипано на МП. Од тогаш, ја изгубив довербата.

Дополнително, целокупниот пристап на вработените во ЛО (Лукоил) – начинот на услуга, однесување и професионалност – е на ниво што јасно се разликува од искуството што го имав со Макпетрол. А и не е тајна дека Макпетрол има историја на лош третман кон вработените, што исто така ми влијае како потрошувач – затоа што начин на кој се третираат луѓето внатре во една фирма, често се рефлектира и во услугата кон надвор.

Секако, моралните прашања – каде оди профитот, што се финансира итн. – се исто легитимна тема, и може да се отвори како засебна дискусија. Но кога зборуваме за што точно сипуваме во резервоарот и каков третман добиваме како клиенти, тука МП, според мое искуство, паѓа на тестот.



ChatGPT summary: Треба да ги разликуваме квалитетот на горивото и услугата од моралните и општествените вредности на компаниите, бидејќи се различни работи. Авторот зборува за квалитетот на горивото и услугата како клиент. Според неговото искуство и проверки, горивото кај Макпетрол понекогаш е слабо, особено кај БС95 кога имало проблеми. Лукоил има подобра услуга и професионален пристап, додека Макпетрол лошо ги третира вработените, што влијае и на клиентите. Моралните прашања се важни, но се друга тема. Според него, Макпетрол не ги исполнува очекувањата за квалитет и услуга.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3651 на: 04 Август 2025, 18:13:57 pm »
Проблемот кај Макепетрол јас го гледам само при моменти кога ротираат (веројатно доцна и лошо) гориво од стокови резерви. Добро е што тоа го прават по некаква логика, па засегнати се одредени пумпи кои ги избегнувам.
Користам рејсчип повеќе од 10 години, и неквалитетот (или лошиот и доцен третман) на горивото го детектираат веднаш чим се наточи такво гориво. Возилото влегува во лимп мод. Горивото се дотрошува без рејчип. И после го враќам со наредно гориво.
Од проблематични пумпи две ми се сигурни а тоа се пумпата на автопат накај Петровец, и пумпата карши рафинерија правец Куманово.
Тој проблем засега кај Лукоил го нема. За Топтрејд имам слушнато само пофални зборови, и во неколку наврати сум точел (дизел) се било коректно. 

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3652 на: 04 Август 2025, 22:21:15 pm »
Со 95ка од Макпетрол веќе 2 ипол години немам мака, од повеќе пумпи низ градовиве сум наточил 95ка на Макпетрол и не сум имал проблем.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8000
  • Плинаш!!!
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3653 на: 15 Август 2025, 23:32:38 pm »
Дали некој налетал на лош бензин од макпетрол во последниве две недели.
Меривата прво почна да не пали од прва на прво палење. Па како ја возев на бензин се повеќе гушеше и сецкаше. На плин немаше никаков проблем. Прееска ставив ново гориво исто од макпетрол и симптомите магично исчезнаа.

Во истиот период и другар ставил бензин на истата пумпа (Влае према центар) во сеат леон и му светнало чек енџин но без никакви проблеми во возење. На тестер покажало лошо гориво.

Некој друг со вакви симптоми?

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3654 на: 15 Август 2025, 23:49:04 pm »
За мојата кола, дизелот е најдобар на Макпетрол. Со Лукоил имам некако сецкање на нагорнини. 5/5 пати проверено. Од тоа што ми кажуваат бензинашите, Лукоил е подобра од Макпетрол кога се работи за бензин. Така да, препорака, тестирај си ги пумпите, и само ке ти се каже.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3655 на: 16 Август 2025, 00:26:35 am »
Дали некој налетал на лош бензин од макпетрол во последниве две недели.
Меривата прво почна да не пали од прва на прво палење. Па како ја возев на бензин се повеќе гушеше и сецкаше. На плин немаше никаков проблем. Прееска ставив ново гориво исто од макпетрол и симптомите магично исчезнаа.

Во истиот период и другар ставил бензин на истата пумпа (Влае према центар) во сеат леон и му светнало чек енџин но без никакви проблеми во возење. На тестер покажало лошо гориво.

Некој друг со вакви симптоми?

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk



Не, редовно точам само 95ка Макпетрол.
Вторникот наточив фул резервоар утрото кај Тетово после Желино, а вечерта во Кратово.

Досега речиси 3 години корисник на 95ка Макпетрол, на многу пумпи сум наточил насекаде по градовиве и никогаш проблеми не сум имал.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8000
  • Плинаш!!!
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3656 на: 16 Август 2025, 00:46:14 am »
Дали со другаров налетавме на некоја лоша тура? Кај мене и детонации се појавуваа од време на време.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3657 на: 16 Август 2025, 01:02:00 am »
Какви детонации? Пука?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8000
  • Плинаш!!!
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3658 на: 16 Август 2025, 01:07:16 am »
Да

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3659 на: 16 Август 2025, 01:35:27 am »
Да

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
Чест симптом за неквалитетен бензин,смени бензинска.Прави пуу-пуу типично за бензинец знам по себе дали возиш возило под 2010год?