Не се работи за пљукање – туку за личен избор заснован на доверба. Едноставно, не давам пари таму каде што не верувам во квалитетот, без разлика дали е гориво, масло, чипсови или било што друго што доаѓа од таа компанија.
Секој има право да избере каде ќе ги троши своите пари моите одат таму каде што сметам дека вреди. Тоа е мој став и стојам зад него.
Моторните возила, исто како и луѓето, реагираат различно – она што одговара на еден, не мора да му одговара на друг. Затоа, кога имаме избор, имаме и одговорност да избереме што е најдобро за нас.
Не купувам во Кипер, не сипувам на Макпетрол,листата е долга .. и тоа не е случајно. Имам јасно дефинирани критериуми и додека постојат алтернативи нема потреба да правам компромис.
Слободата не е само во зборување, туку во одлучување. А вистинската слобода е да го направиш изборот што е во согласност со твоите вредности – во сè, па и во секојдневните навики.