Дали приметувате разлика во квалитетот на дизелот на Макпетрол последниов месец ?
Како од стокови резерви да чистат нешто.
Јас да.
Последниов месец Леонов знае да сецне во прва и втора кога ќе му дадам пуна гас. Онака повлекува, па како да се колеба/сецнува, па пак си влече. Нешто овака:
https://oards.com/causes-of-car-engine-hesitation/Истото го правеше и кога ЕГР-от ми беше за менување, но тогаш одеше и во limp mode, се палеше check engine.
Не знам дали имам проблем со колава или е до горивото, не се случува секој ден, но почна да се случува откако почнаа да се дешаваат срањата со цените. Тогаш ставив 33L кои уште се трошат, денеска се заебав и пак ставив за 1000ка на Макпетрол, а требаше на Лукоил.
Цело време ставам на истата бензинска, не знам што да мислам.
Да го допотрошам и ќе сменам тотално, да видам дали колата нешто не ми е во ред или дизелот на МП е крш. Ако прави исто и со гориво од Лукоил ќе треба да ја однесам и да ја закачиме на VCDS дали има грешки.
Исти симптоми вчера разбрав на Пежо 407 HDI, исто од МП и во ист временски период.