Јас увек ставам нафта од Лукоил. Пред една недела ставив нафта од Макпетрол (многу гужва имаше на Лукоил, не ми се чекаше па се префрлив на Макпетрол). Следниот ден приметив дека колата повеќе ми вергла пред да запали. Ај си викам, прво палење на сабајле, нема гајле. Ама истото се случе и загреана кола. Пред секое палење, повеќе верглање.
Ич не се посомневав во нафтата, туку во акумулаторот. Си викам ослабел... Глеам во тоа окцето на акумулаторот, зелено свети, не е слаб...
3-4 дена така. Вчера или некни ставив од Лукоил нафта. Одма промена. Колата пак си вергла како порано, ептен малку и одма пали. Било да е прво палење на сабајле со греење, било да е загреана... Таман си е сега. Не е акумулаторо слаб.
Уште една потврда дека нафтата во Лукоил е подобра.