Автор Тема: Alfa Romeo 147  (Прочитано 6134 пати)

Отсутен sashko.pp

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Alfa Romeo 147
« на: 27 Септември 2017, 00:00:42 am »
Здраво луѓе! Да кажам дека сум на голема мака срамота е, ама со пари в џеб неможам да најдам асолна кола .. (не сега кој знае колку, ама имам до 4.000евра). Еве веќе цел месец киснам 24/7 по огласи и до сега најдов неколку кои на изглед беа перфектни, но откако ги видов ми се идеше да ги убијам газдите. Добро бе луѓе како може некој да продава 2002 година кола, со "реални 150.000" искинати седишта, нај основна опрема и видливо удирана и ефтино поправана = 3700евра? Гледам голф 4киве сите се со 200.000 реални веќе 10 години  ;D Шала на страна секој си продава и си цени колку што си сака и колку што си мисли не е моја работа да судам. Туку еве после еден месец конечно нешто ми фати око (возбуден сум како мало дете дури отидам утре да ја видам) па сакам да се консултирам тука. Го следам форумов подолго време и гледам пријателски настроени лица кои си делат совети еден со друг па сакам да се придружам со моево "знаење" стекнато од многубројни часови потрошени на google за дијагностика на било каков проблем што ми се јавуваше во колите. Интересно е што 90% од случаевите и успевав сам да откријам во што е проблемот но немам можност сам да го решавам бидеќи живеам во зграда без гаража. Да се вратам на темата, се работи за Alfa Romeo 147 (1.9JTD 88kw[120ks]). Бидеќи на нашиве форуми неможев да најдам многу многу за колава, гледав на српските и квалитетни 80-90% од сопствениците тврдеа дека машината е стакло, а мана им била потрошувачката и подвозјето. За потрошувачката не ми е ни најмал проблем бидеќи најчесто возам на отворено, не ми менува во град дали ќе ми троши +1 или +2. Ќе ве замолам дали може некој да ми потенцира што е тоа од подвозјето што страда на колава, отприлика на која километража и колку би ме коштало. Исто така ако може да ми кажете и колку ќе ме чини голем сервис на количево. (Малку повеќе за мене: се работи за возач ентузијаист кој што ужива во долга вожња, личност што чува кола како очите - на кратко.)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #1 на: 27 Септември 2017, 00:17:55 am »
Neli ti e pofino cim vozis pretezno otvoren pat da si zemes nekoj pogolem avtomobil cisto radi komocijata. Alfava mi deluva pretezno gradsko kolice da i za na avtopat ama do ovde onde. A cim teras pretezno otvoreno baraj nekoj kruzer koj kje ima pogolem komfor.

Отсутен N0naMe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 173
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #2 на: 27 Септември 2017, 00:42:33 am »
Друже на форумов има неколку Алфисти кој се со добро познавање пошто и самите тие се сопственици на Алфи се надевам дека ке ти помогнат во потрагата еден од нив е @Simo - Carrier159 ми делува како доста упатен кај Алфиве доколку ја загледа темава сигурно ке подискутирате и ке ти даде некој совет и препорака поздрав.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44366
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #3 на: 27 Септември 2017, 07:34:51 am »
Види, потрошувачката на отворено со нормално возење ти е околу 5-5.5л, зависно од стилот, и зависно од тоа какво „отворено“ те снашло. Автопат Белград- Будимпешта е едно отворено, Гостивар-Охрид е друго отворено...
Подвозјето треба еднаш саглам да се среди, со промена на сите делови, дури и на оние што навидум изгледаат добро, ако сакаш да си мирен подолго време. Тоа воглавно се сведува на предни вилушки горни и долни, предни стабилизатори, гумици на баланс штангла, и ако имаш сила и за амортизери.
Позади имаш задни упорни спони, надолжни спони и стабилизатори, исто така ако имаш сила и амортизери (задните се обично поскапи од предните).

За делови, би ти препорачал само TRW (или оригинални алфа делови), кај нас малце тешко се наоѓаат, ама се наоѓаат.

За цени, ако одиш со оригинал Алфа или TRW, ќе треба да си спремиш минимум 500-600е за предница, и околку 250-300..
Има и буџет варијанти, но со различни искуства околу квалитетот. Некои викаат дека супер прошле, некои се жалат после неколку илјади километри.

Откако ќе го средиш подвозјето, си доаѓаат другите стандардни проблемчиња, дискови, кочници, dmf, ламела, пумпи за квачило горна-долна, затнување егр, вадење дпф... :D


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #4 на: 27 Септември 2017, 08:31:11 am »
Имало повеќе теми за 147 половна и сме пишувале со Симо и други членови, на долго и широко.

Еве некои од нив....

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,21264.0.html

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,21168.0.html

Иначе одлично компакт возило за на отворено. Вози како поголема кола, одлично подвозје за по кривини.
Гледај само убаво тестрај го.

Ќе го поправам Симо само, ако го гледаш баш тој модел со 120кс, тој не би требало да има ДПФ (барем мојата нема). Така да, едно гаље помалку.
Иначе за потрошња види во темата за Потршувачка на гориво имам пишувано сега пресно за мојата.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #5 на: 27 Септември 2017, 10:32:43 am »
Гајле да немаш другар, јас скоро 7-8 месеци барав кола  ;D

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #6 на: 27 Септември 2017, 11:20:24 am »
Мој совет до сите барајте коли по плацови, не по приватни луѓе,  ретки се луѓе кои одржуваат добро коли кај нас. најчесто идат на заменски нискобуџетни брендови на потрошен материја што мене не ме бендисува.

Отсутен sashko.pp

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #7 на: 27 Септември 2017, 14:14:57 pm »
Тие на плацовите сакаат да се збогатат од 2 продадени коли. Сакам да видам во каква вистинска состојба е колата, а не испран мотор, хемиско исчистена, исполиран интериер. Сите се како нови и сите се со 150.000км. После 2 месеци кога ќе падне полир пастата од внатре а богами и од надвор сфаќаш дека си купил кола со 300.000. Имам лошо искуство од такви работи, се разбира не е за сите така но сите коли кои ги видов на плацови беа такви, со вешто скриени мани како на пример: лепени црева, изгорени сензори и тн.

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #8 на: 27 Септември 2017, 14:15:52 pm »
пријателе подобро уште 1 година да бараш ама да најдеш нешто асално отколку да земеш нешто па да одиш по сервиси цело време,инаку има се наогаат добри количиња  ама ретко по огласи, обично од човек на човек преку пријатели нешто да наслушаш , пред некое време на татко ми му нудеа фиат уно од 95 год со 20 000 поминато, цело време во гаража стоено за 1300 еу,ама имаме 5 коли и немаше што да му правиме
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен golub

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #9 на: 27 Септември 2017, 14:20:19 pm »
pa dajtemu edna na choekot :)

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk


Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #10 на: 27 Септември 2017, 14:40:02 pm »
Тие на плацовите сакаат да се збогатат од 2 продадени коли. Сакам да видам во каква вистинска состојба е колата, а не испран мотор, хемиско исчистена, исполиран интериер. Сите се како нови и сите се со 150.000км. После 2 месеци кога ќе падне полир пастата од внатре а богами и од надвор сфаќаш дека си купил кола со 300.000. Имам лошо искуство од такви работи, се разбира не е за сите така но сите коли кои ги видов на плацови беа такви, со вешто скриени мани како на пример: лепени црева, изгорени сензори и тн.

Има не викам не...и тоа многу затоа широко отворени очи. А добро и од дома се наога добра кола некој во зорт, ваму таму..некој поголема. Итн.
Другарче купи 525тдс од 2001 година,  двајца газди во РМ и двајца во италија по км, 299.000..ене ја топ е викендов тераме до истанбул со нејзе.
ОН-ТОПИК, земи ја алфата проверка во сервис, исклучиво ОЕМ делови...и терај. Рачунај плус 1000 макс, ке потрошиш во нејзе на една година.

Отсутен sashko.pp

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #11 на: 27 Септември 2017, 19:28:26 pm »
Најдов една лепотица што се издвои од сите кршови што ги видов денес. Уште на слики се гледа дека е топ се слушнав и со сопственикот, вели сервис си има направено (голем), останува да ја кренам на дигалка и ако не е многу солена одоздола, да одам до прилеп на регистрација. Прашав неколку души што возат алфи од сите истиот муабет: нема да погрешиш ама си бара добро подвозје, а мотор е врв. Па реално за овој буџет сите коли што ги сретнав бараа голем сервис + стегање на некои основни витални делови и некои ситници пример јаболка на мењач, разновидни цревца и глупости. Така што алфава би дошла тука некаде плус 100 - 200 евра ама барем на срце ми е :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #12 на: 27 Септември 2017, 19:34:13 pm »
Со добар примерок нема да згрешиш, сепак на сите познати недостатоци чувај при рака 500 европски, како и за секоја стара кола.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #13 на: 27 Септември 2017, 20:02:15 pm »
Другарче, еве ти кола од наш човек http://forum.carclub.mk/index.php/topic,22045.msg983143.html#msg983143 е сега, не е алфа ама е одржувана, со реална километража и без додатни вложувања.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Alfa Romeo 147
« Одговори #14 на: 27 Септември 2017, 21:33:21 pm »
Најдов една лепотица што се издвои од сите кршови што ги видов денес. Уште на слики се гледа дека е топ се слушнав и со сопственикот, вели сервис си има направено (голем), останува да ја кренам на дигалка и ако не е многу солена одоздола, да одам до прилеп на регистрација. Прашав неколку души што возат алфи од сите истиот муабет: нема да погрешиш ама си бара добро подвозје, а мотор е врв. Па реално за овој буџет сите коли што ги сретнав бараа голем сервис + стегање на некои основни витални делови и некои ситници пример јаболка на мењач, разновидни цревца и глупости. Така што алфава би дошла тука некаде плус 100 - 200 евра ама барем на срце ми е :)
А ти ја виде во живо или само на слики?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk