Види, потрошувачката на отворено со нормално возење ти е околу 5-5.5л, зависно од стилот, и зависно од тоа какво „отворено“ те снашло. Автопат Белград- Будимпешта е едно отворено, Гостивар-Охрид е друго отворено...
Подвозјето треба еднаш саглам да се среди, со промена на сите делови, дури и на оние што навидум изгледаат добро, ако сакаш да си мирен подолго време. Тоа воглавно се сведува на предни вилушки горни и долни, предни стабилизатори, гумици на баланс штангла, и ако имаш сила и за амортизери.
Позади имаш задни упорни спони, надолжни спони и стабилизатори, исто така ако имаш сила и амортизери (задните се обично поскапи од предните).
За делови, би ти препорачал само TRW (или оригинални алфа делови), кај нас малце тешко се наоѓаат, ама се наоѓаат.
За цени, ако одиш со оригинал Алфа или TRW, ќе треба да си спремиш минимум 500-600е за предница, и околку 250-300..
Има и буџет варијанти, но со различни искуства околу квалитетот. Некои викаат дека супер прошле, некои се жалат после неколку илјади километри.
Откако ќе го средиш подвозјето, си доаѓаат другите стандардни проблемчиња, дискови, кочници, dmf, ламела, пумпи за квачило горна-долна, затнување егр, вадење дпф...