Јас кога одев последно, не се осмелував над 140 да возам, само заради пресретачите оти знам дека е в крај заебано.
Вози по знаци +10 км/ч макс и една пауза направи Stop And Go пред Белград и готово 
Едно мочање Скопје - Белград?

Над 100 пати имам патувано само во последниве неколку години (во просек ~ 2, 3 пати месечно)
Колку што памтам, еднаш само поминав со само едно застанување (спиев од Белград до граница)
Најчесто правиме 3 или 4 паузи (време на патување зависи, е од 4 до 6 саати). Некој си пие кафенце, некој водичка, кока кола... Јас сум за мочање на секое застанување.
И нема проблем со просечна брзина

Според објавени препораки од сите релевантни институции, би требало пауза на ~ 2 саати возење.
Професионални возачи / камионџии разбирливо возат поише, и според законите дозволено е некаде околу 5 часа и потоа имаат обавезна пауза (тоа се прати со гпс, патни книги итн)
На оваа траса има делови каде што е безбедно да се вози побрзо од 120км, доколку условите дозволуваат (добар пат, нема многу други коли итн).
Над 200 не е комфорно поради бука од ветерот што удира во прозорците

Поминувам 20-50 иљади километри секоја година.
Никогаш не сум бил во ризична ситуација поради (по)висока брзина.
На автопат, единствено поради лоша реакција на другите, сигурен сум најчесто поради умор од тие што возат без застанување Г(еј)рчка - дома.
Во градска вожња се разбира, невнимание поради користење мобилни телефони.
Како пешак, поради неразбирање на возачите дека условно зелено на семафор значи помини единствено доколку нема пешаци.
Прошла година, додека не беше ратификуван законот за наплата на казна, на неколку другари и брат ми се случи да добиат совет на патарина „успори, ти ја забележавме повисока просечна брзина“.
Финта со „изгубена“ патарина верувам дека нема да помине, на патарини и по регистрација се прати. Можеби кога не е надмината просечна брзина ќе ти кажат дека не знаеле каде си влегол за да земат поише пари.
Пресретувачи се ок, многу пати ги имам видено. Возат Skoda SuperB (црна), BMW серија 3 (е90, бела) и 5, Mitsubishi Lancer (црна). Колку што приметив на објавени слики во весници и на форуми, ги има и со VW Passat и Golf.
Од искуство, испадна до 150 не запираат и немало проблем со казни накнадно.
Кога приметуваш дека некој се трка со тебе нормално е да успориш, дури и да не се пресретувачи.
Возат малце по тебе, поминуваат пред тебе и успоруваат неколку пати за да ги поминеш.
Лесно се препознаваат. Имаат „полициска лампа“ на центар, горе десно од инструмент табла.
Домашни таблички, најмалку 2 се во кола. Не знам дали сите, ама на повеќето приметив имаат затамнети сталка позади б столбот.