А да отворевте посебна тема за ТЕ-ГО ?
Оваа да ја задржиме за практичноста во искуствата за возењата низ Србија ?
Или да ви го раскажам ја моето искуство со митото од 200 Евриќа и Хрватските џандари во пресретач коа ме укебаа на 197 ?
Ограничувањето поради дожд беше на 100 ( стандардно 130 ) ...
За Србија едно од решенијата е подзастанување на бензиска за кафе, користење на апликација за андроид ( се вика Prosecna brzina ) , и секогаш спремни 5.000 динара.
По автопат само да гледаш во брзиномер да пратиш цело време да не си над 120 е опасно само по себе, а камо ли да стаиш темпомат, и се успиеш. Не викам да се лета од 200 и нагоре, ама до 150-160 е реално динамично и ок.
Во Германија, кога прашав зошто нема ограничување на брзината, ми рекоа дека ако ја ограничат, ќе се намали протокот, и ке се зголемат застоите. Веројатно е така. Ама, кај нив е иградена култура, преку реален систем на казни, а казнуваат и за мали престапи ( на пример над 10км/час од дозволеното ). Сообраќајна култура се гради со казни, а не со постери и акции. Така и Германците научиле. И без тетки и стичеви кое со ало ќе помогнат.