Чисто колку да ја вратам дискусијата во вистинска насока, пред
@Tischläufer да дојде до заклучок дека треба ограничувањето на автопат да е 80...
Ограничувањето кое се поставува било каде е за
максимална брзина. Тоа значи дека ако ограничувањето е 120, можеш да возиш 120, ама можеш и 110, и 100, и 90, и 80, итн, сè до некое минимално ограничување. Тоа што е дозволено 120, не значи дека цело време ќе се вози 120. Значи дека кога условите тоа го дозволуваат, ќе се вози 120 (и во реалноста, и побрзо, но еве, да се преправаме дека сите сме девамарии, и дека возиме во согласност со ограничувањата...), а кога не дозволуваат, ќе се вози поспоро. Како што налага здравиот разум, логиката и чувството за self-preservation.
Еве, повторно ќе ја спомнам Германија. Таму има делници на автопат каде
нема ограничувања, па сите цело време возат 250+? Не, и ова е дискутирано и установено. Се сведува на возачка култура (нешто на што мораме да работиме), правилна возачка едукација (нешто што, да бидеме реални, немаме) и чувство за колегијалност во сообраќајот.
Континуирано намалување на ограничувањата (over and over again, во името на популизмот и „спасување на децата“) се покажува дека нема некој преуспешен ефект.