Ја однесов кај електричарот кој е единствен во Валандово и е гужва, ми рече после Недела ако има нешто фора. Ме прати кај еден кој поправа телевизори и се бави со ЛЕД светилки, такви ствари.
Зема мултиметар и без контакт виде која жица има константен напон од 12в и само ја откачи црвената жица и ја преспои со жолатата. Сега супер си работи радиото, т.е не ми треба контакт за да функционира. Него со антената не успеав да го решам проблемот. Значи тој металниот конектор е целосно откачен од жицата за антена, ама проблемот е што таа жицата што е во средина (тенка е не е дебела жица) се влече што значи дека некаде има прекин и губи сигнал па радиото неможе да фати ни една станица. Овој телевизирџијата зема жица една исто тенка, ја збрца директ у влезот за антена на радиото, го врати радиото назад на своето место и жицата ја пушти од надвор т.е таа да била замена за антена.
Терај мишко, вака е боље него без радио, дај 200 ден. и терај магарето..
И сега единствено чаре е да растурам пола шалтабла да видам каде оди жицата од антена и да ја преспојам кај што е здрава, што неверувам дека ќе се случи некогаш ова, така да - збогум радио станици.