Сите тие amp. IC-а се мосфет базирани. Поточно е дека сите нови радија дури и најчќљ имаат
MOSFET IC-а.
За звукот, колку што се битни звучниците, исто толку битно е и радиото, односно хедјунитот и појачалото во него (или екстерното).
Кај 166-ката на пример, иако фабричкото радио беше Becker, неговиот дизајн од пред 1998 година (истото се вградува и во некои модели на porsche), беше инфериорен во однос на било кое денешно фабрички вградено радио, па дури и во однос на оноа вградено во Fiat Panda. Единствено варијантите со вграден HAES DSP, со додатно појачало за сите звучници и сабвуфер имаше колку/толку пристоен звук.
На фабричкото радио беа пробани куп различни звучници, од GBL GTO, преку Kenwood, (изнанадувачки фините) Magnat, па дури и Focal Access (кои и останаа до пред да ја продадам), звукот беше на разочарувачко ниво.
166-ката е одлично дампирана кола, така да не беше проблем дампирањето, едноставно колата бараше повеќе снага од фабричкото радио и подобри звучници комплет олараунд (кои и си ги доби, но без ефект поради радиото).
На Стилото од друга страна, само промената на фабричките звучници со Focal Access, придонесе за драстично подобрување на звукот со фабричкото радио. Додавањето на саб со појачало придонесе да се добие една одлична звучна слика, пријатна за слушање и добро дефинирана во секој фрекфентен опсег.
Брат ми во 147-цата, сосема друг пристап имаше. Смени комплет: Alpine HU, Alpine компоненти низ цела кола, Pioneer активно вуферче во гепек. Звукот е беспрекорен. Секогаш кога ќе седнам кај него, после тоа браусам соодветен алпајн хедјунит за мојата кола...
Муабетот ми е, не можеш секогаш да очекуваш дека само една компонента (звучници или радио или појачало), ќе допринесе за подобрување на звукот. Треба внимателно да се оцени во однос на посаквуаните резултати, дали треба да се променат само звучници, или звучници и хедјунит, или да се додаде појачало и сабвуфер или комбинација од повеќе елементи.