Возејќи го денес Mondeo-то на отворено, добив идеја да организираме едно Карклуб мерење на потрошувачка на гориво на отворено.
Идејата е следна:
Рутата која би се возела е од Белви, по обиколница, до излезот од автопат за кон Матка и назад (30 километри во еден правец, 60 километри во двата правци).
Мислам дека е океј бидејќи е добра комбинација од угорници и удолници, без да преовладува било што, па можеме да добиеме колку-толку реална бројка.
Правилата се следни:
- Пред старт, секој ресетира потрошувачка и (доколку има) борд-компјутер податоци за поминати километри и просечна брзина.
- Возиме 120 по темпомат. Тие што немаат темпомат, треба да не бидат педери и да возат колку што е можно поблиску до 120 километри на час.
- На враќање, проверуваме дали стварно е возено 120 (просечната брзина на борд-компјутерот би требало да биде над 100 км/час) и евидентираме потрошувачка.
- Јас частам кокаколче
и по нешто од Силбо за доручек.
Праиме фотки од учесниците, ги евидентираме податоците, праиме една фина статија која ќе се објави на портал. Победникот со најниска потрошувачка добива од мене гратис перење кај Бушав и Сникерс или Марс (по избор).
Би предложил да се собереме некоја Сабота или Недела наутро, околу 7-8, за да нема многу гужва по обиколница, а и да не нè фатат вруќините.
Ги викам оние што се расположени да се подружиме, да се пишат во темава, да видиме колку коли ќе успееме да се собереме. Тие што ќе се пријават, нека напишат и со какво возило би дошле.
Јас еве, се пријавувам прв.
1. zeroSignal - Volkswagen Golf 2.0 TDI 140