Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence  (Прочитано 38312 пати)

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« на: 09 Август 2017, 13:46:27 pm »
Дојде време и јас да го претставам мојот Сеат Леон 2.0 ТДИ Екселенс. Благодарност до сите што ми помогнаа при изборот на нова кола на форумот, а посебно до класниот, кој ме поттикна уште еднаш да го погледнам Леонот, во повисоко ниво на опременост од референс.  :)

Првите импресии се одлични, Барселонецот има талент и во првите денови пријатно ме изненадува. Моторот е прилично забавен на ридски терени, и секако на автопат. За околу 10 дена ќе се оди на еуро-трип со него, па тогаш ќе се присоберат многу повеќе впечатоци.

Еве некои спецификации:
- 2.0 ТДИ 150 КС
- Рачен шесто степен менувач
- Фул Лед осветлување (мојот личен хајлајт до сега)
- Фабрички затемнети стакла
- 17" ал. фелни
- сензори напред и назад
- 8" Медиа систем плус
- предни седишта со лумбална поддршка
- темпомат

Се мислам дали да докупам Фул Линк поврзување за медиа системот (андроид ауто етц.), по странските форуми не се импресионирани. Би ме чинело околу 180еур.

Еве и неколку слики од салон и после регистрација:







Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #1 на: 09 Август 2017, 13:51:26 pm »
Честито нова кола, да те служи и со здравје да си ја возиш! Седнав у неа додека беше во салон :D


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #2 на: 09 Август 2017, 14:02:37 pm »
Милина браво!

Супер и боичката!

Создравје да се вози :) Многу безгрижни километри кои несомнено ќе ги имате.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #3 на: 09 Август 2017, 14:04:30 pm »
Мислам дека овој треба да оди на 184кс или 210кс. Штета што не нудат како Еуроимпекс одма да ти го ремапираат на соодветно коњски сили.

Со здравје да се ужива.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #4 на: 09 Август 2017, 14:32:01 pm »
Euroimpex ремапираат нови коли? Абе ај?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #5 на: 09 Август 2017, 14:34:24 pm »
Ако има желба корисникот не гледам каква разлика им прави дали е нова или стара колата.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #6 на: 09 Август 2017, 14:34:55 pm »
Честито нова кола! Со здравје да се вози. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #7 на: 09 Август 2017, 14:39:16 pm »
Ако има желба корисникот не гледам каква разлика им прави дали е нова или стара колата.

Најчесто се губи гаранција ако ти направат таква промена.

Ќе ти рече „Да, може, ама губиш гаранција на мотор“.

Тие за K&N филтер знаат да ти прекинат гаранција, не ремапирање.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #8 на: 09 Август 2017, 14:41:44 pm »
Ако го правиш ремапот кај нив, на возило купено кај нив, не губиш гаранција.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #9 на: 09 Август 2017, 14:44:24 pm »
Интересен момент! Porsche не го прави ова?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #10 на: 09 Август 2017, 14:57:33 pm »
убаво количе, со здравје да се вози.

можеби требаше DSG да го нарачаш, како и да е супер

немаш потреба ни ремап ни ништо возиси и немај си гајле. сосема е доволна силата на моторот


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #11 на: 09 Август 2017, 16:45:49 pm »
@hanacloud Честито за количето! Одлично е! Со мерак, здравје и задоволство да си го возиш!

@Carpathian Lord - Го прави, само ќе ти понудат ABT ремап што кошта 2000 евра. :)

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #12 на: 09 Август 2017, 17:04:45 pm »
Фала ви на сите, да си купите каква и да посакувате!

За римап не сум во план, да имав такво нешто на ум, ќе си купев ФР (имаше и таква опција). Доволни ми се 150КС сега за сега, па нели да се има и простор за прогресија во наредната кола. Истото важи и за ДСГ 8)

Бев дента после купувањето во Дог Секјурити чисто да видам за галантерија и по пат да прашам што би ми нуделе, и ме "избркаа на клоци", чунки имам затемнети стакла, фул лед и 17" фелни. Во иднина би направил нешто околу озвучувањето.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #13 на: 09 Август 2017, 17:05:31 pm »
Шо мајка бараш ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #14 на: 09 Август 2017, 17:27:53 pm »
Немаш вуфер фабрички во резервно тркало?

Види тие под седиште што се ставаат зошто и така е мал багажникот па да не си го скратуваш уште со вуфер.