Татко ми ги имаше овие возила. Моја беше А класата.
Антарата кој сака член нека дојде ќе ја види, ќе ја споредиме со друга Антара од прв газда. Освен на изглед (рестајлинг делови носени од Полска), гуми, навигација, затемнување на стакла, два амортизери, лагер на тркало, исклучување дпф, три црева за турбина (висок буст поради мапата) и предвремени сервиси со Кастрол масло друго не е чепнато. Ден денес луѓето си ја возат и муабет имаме. Астрата заминала во отпад... Истумбана. И таа маана немаше. За Мерцедесите не знам, едниот е Куманово.
Едит: А дека има канти - исто колку кај нас. Први газди се декларираат, а колата масло ново нема видено 90.000км, само се дотура. Сме биле фамилијарно по друга кола, цела Бугарија сме ја поминувале да најдеме здрава. На слика со нови гуми, полирана, одиш таму канта невидена, само моторот добар оти во овластен била сервисирана. Има канти, ама има губење време, ама ако се разбираш нема да погрешиш. Татко ми во опел никогаш не погрешил, конкретно кога виде астрава дека сум ја зел рече продај ја и пониско само да не ја гледам. Кај 5 механичари беше сите рекоа топ е, доста познати мајстори што не ми е проблем со име и презиме да ги напишам, фалени се на форумов.