Имаш во Тојота Мондео Титаниум.
Знам. За жал, отидоа парите неповрат пред некоја недела.
Инаку, кога се објави ова Мондео, бев да го видам.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=3727018За жал не се договоривме со сопственикот.
Ова е всушност истото Мондео кое беше објавено лани.
https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/Ford/Mondeo/se-prodava/veles/veles-opstina/ford-mondeo-2-0tdci-150ks/3302569Јас сакав да го купам лани, но тогашниот сопственик се брзаше, а мене ми требаше еден цел ден да ја провериме историјата, и меѓувреме му го продаде на сегашниот сопственик за 13.900 евра. Се нашле по пријателски пат. Сеедно, не ми било пишано мене...
Се што е пишано во ланскиот оглас е точно, и Мондеото е коска. Има само мало оштетување на пластиката од внатрешната страна кај багажникот, но ништо страшно. И лакот на задна десна страна мислам има една точка.
Некој ке се праша, ако е добра колата, зошто не ја купи.
Искрено, ме изнервира продавачот.
Ја пробавме колата, и седнавме на кафе (за него ракија во 10h) и ми почна да ми врти. Ако јас не сум ја купел имал он други, баш тоа сабајле му ѕвонел некој од Тетово, ама сакал он на мене да ја продаде, итн.
Па и дете ме рече, а е постар 12години од мене.
Па и папучар, пошто спомнав дека сакам да се исконсултирам со сопругата пред да донесам одлука околу буџетот.
Али преголтав, и му понудив 13.500 евра.
Е сега, он го има купено 13.900 пред скоро година дена, регистрирано, со зелен картон, сервисирано и со резервни гуми.
Регистрацијата е истечена Август 2020 (на огласот пишува дека е регистрирано до 2021).
На мене ми го продава 13.700 не регистрирано или 13.900 регистрирано (без зелен картон нормално), БЕЗ зимските гуми, БЕЗ направен сервис годинава.
Јас имав одвоено буџет од 12.000 евра, или колку ново Фиат Типо. 13.500 ми беше околу 1.500 евра над буџет, и бидејки кредитот ке биде на име на сопругата, морав да се исконсултирам дали воопшто можеме да го зголемиме за 1.500 евра кредитот. - тука е коментарот за папучар и дека прав маж не прашува жена.
Јас му понудив 13.500 регистрирано и со резервните гуми. Рече не, и тука е муабетот за дечките од Тетово кој чекале да му го купат, ама он сакал на мене да го продаде.
Му реков дека ке размислам, се заблагодарив, се поздравивме и си отидов дома.
На возење накај дома ептен се изнервирав пошто ова ми беше 3то Мондео кое не успевам да го договорам, и си донесов одлука дека завршив со барање Мондео.
Околу 14h му се јавив да му кажам дека ништо од договорот, и да му се заблагодарам за времето, а он ми вика дечко, не се разбравме преска, може 13.500.
Му кажав фала, може наредната година.
Среќа не го купив, ми притребаа пари после 2 недели, среќа не се задолжив.
И така, знам дека има 2 плави Мондеа во Тојота, е едно бело во Авто Чајка Тетово. Кој ке си ги купи со здравје нека си ги вози, многу убава кола е Мондеото.