Во Олимпија моторс отидов, кажав што и како сакам, буцет и слично. Запишаа ми покажуваа некои модели од тие сајтови од каде купуваат коли, рекоа дека ќе гледаат за таква кола и ќе се јават.
Никогаш не се јавија.
Што кола бараш ?
Јас сакав да купам Форд Мондео од кај нив и ми го продадоа пред нос.
Мондеото имаше сервисна историја, на која пишуваше автоматски менувач. Во колата имаше мануелен !!!
Ама ајде, прегледав преку тоа, беше добра колата.
Исто така, требаше сервис да направат пред да го земам, но бидејки беше Сабота не можеа да ми одговорат за цена за сервисот, оставивме да се договориме во Понеделник, кога требаше да уплатам дел од сумата (Понеделник бидејки не им работеше терминалот и капарот мораше да биде кеш, па да не се возам наваму натаму, во Понеделник да донесам капар)..
Се ракувавме таму, јас, мојот мајстор, продавачот и сервисерот и си појдов накај дома околу 13:30. Си доагам дома, и кажувам на невестата пазарив кола, и покажувам слики, се радуваме и после некое време ми се јавија дека го продале

на некој судија од Тетово (не можеле да го одбијат).
Се договоривме со Дејан да побараат друго и да ме исконтактираат.
Никогаш не ми пишаа...