Автор Тема: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК  (Прочитано 131215 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #285 на: 13 Јуни 2022, 16:07:27 pm »
Ама еден сертификат ако мислиш на овој TÜV, скоро секоја кола го поминува тука, ако има здраво подвозје и е во нормална возна состојба, за другото мотор, менувач и слично не проверуваат...а ги има и тие што за 30€ плус ја поминуваат и со дефеци  :)

На пример другар мој купи кола со нов tüv и по нецела недела му остана кумплунгот долу, ајде 700€ за нов сет. А тие што даваат гаранција на половни возила, ти кажува дека гаранцијата не важи за потрошен материјал, а на колата се е потрошен материјал .

Не не,мислам на BMW certified  и слични, како и да се викаат. Ама тие па се доста скапи.

Ова го бараш,
BMW Premium Selection
Audi Gebrauchtwagen Plus
Mercedes-Benz Certified Pre Owned

Веројатно и другите брендови имаат слични програми ама не ги знам. Јас ја земав преку второто. Ти даваат еден сертификат и чек листа со проверени работи на колата плус има сменети бришачи, глицерин, надополнет акумулатор и некој такви ситни детали. Како и да е најбитното е дека колата иде со 1 година Гаранција и дека фирмата ти гарантира дека немала сообраќајна незгода и километрите се во ред.
Така е. И земи Е90 зошто си изгорен за БМВ од пред некоја година. Ај. Остај голф. Види што има во понуда кај наведените, и собирај некое дизелче.

@DarthJe5us мислев дека е муабетов, изгледа сум згрешил. На него се однесуваше.
« Последно менување: 13 Јуни 2022, 16:25:58 pm Deni »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #286 на: 13 Јуни 2022, 16:10:22 pm »
Така де тие се сите лизинг возила вратени и заменети за друго и се обично баѓи нијанси поскапи, него од приватник  :)  Ама да добиваш гаранција за тоа, затоа што се кај нив одржавани.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #287 на: 15 Јули 2022, 15:48:57 pm »
Препорака за ова https://premiumused.mk/, вчера  со  другар ги   посетивме, добри возилца  со мала киломтеража. Стварно ОК. Во 118d BMW влеговме, стварно сочувано. 

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29679
    • CARclub.mk
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #288 на: 15 Јули 2022, 17:24:36 pm »
Premium Used е на Мак Аутостар. Генерално носат внимателно одбрани коли со релативно ниска километража.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 693
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #289 на: 15 Јули 2022, 17:25:38 pm »
Препорака за ова https://premiumused.mk/, вчера  со  другар ги   посетивме, добри возилца  со мала киломтеража. Стварно ОК. Во 118d BMW влеговме, стварно сочувано.
Топ им се колите, ама и доста поскапи од на пример Ауто Велт во Кочани.
Гледав Mercedes GLC, слична опрема, состојба и километража, во премиум беше околу 8.000 евра поскапа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29679
    • CARclub.mk
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #290 на: 15 Јули 2022, 17:40:33 pm »
Многу често возилата во Premium Used се од Junge Sterne програмата (или како и да се викаше) на Mercedes-Benz низ Европа. Не ме изненадува дека се поскапи.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7390
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #291 на: 15 Јули 2022, 18:30:49 pm »
Препорака за ова https://premiumused.mk/, вчера  со  другар ги   посетивме, добри возилца  со мала киломтеража. Стварно ОК. Во 118d BMW влеговме, стварно сочувано.
Топ им се колите, ама и доста поскапи од на пример Ауто Велт во Кочани.
Гледав Mercedes GLC, слична опрема, состојба и километража, во премиум беше околу 8.000 евра поскапа.

Богами, не е исто возило со 50.000км и со 180.000км. Аутовелт генерално носат нови возила со висока км. Овие другиве се со ниска км. ;D

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 693
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #292 на: 15 Јули 2022, 18:52:12 pm »
Затоа и напоменав слична километража, 110.000 со 95.000 некаде беше, не голема разлика.
8.000 евра беше разликата со таа со помала километража кај Ауто Велт.
10.000 - 11.000 евра беше разлика во тие со 180.000 - 240.000 км.

Конкретно,
Премиум околу 44.000 евра беше GLC со 95.000 кмж.
Ауто Велт, околу 36.000 евра беше GLC со 110.000 км, а 33.000 евра беше со 180.000 км и нагоре.
Ова се цените на 5ти Јануари 2021.

НО, искрено, во Ауто Велт имаше доста извозени коли, додека со Премиум стварно се е премиум.
Секако во премиум продавачите беа многу подобро информирани за возилата, но и имаат многу помалце возила, додека во Ауто Велт да добиеш информации за кола пола саат чекаш да извадаи документи, пошто имаат многу повеке коли на лагер.
Како за пример, додека јас 2 саати се вртев таму, 2 коли продадоа, Ауди и Мерцедес.

Малце ме изнервираа во Ауто Велт кога прашав за Мондео дечкото таму почна да плука по Форд. И така... нејкеме сите Ауди или Голф да возиме.

Отсутен Darsey

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 7
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #293 на: 20 Јули 2022, 11:24:49 am »
Ги знае некој овие https://mmotors.mk/ ? Добри коли со малце километража, ме интересира дали има некој искуство со нив, меркам нешто од таму па да знам дали воопшто да се нафаќам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #294 на: 20 Јули 2022, 11:40:17 am »
Ги знае некој овие https://mmotors.mk/ ? Добри коли со малце километража, ме интересира дали има некој искуство со нив, меркам нешто од таму па да знам дали воопшто да се нафаќам.
Туф, туф, туф, тоа глобални мрежи, меѓународни тимови, клиенти од цел свет, премиум мемиум...има кеш у државава.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #295 на: 20 Јули 2022, 15:13:59 pm »
Културата за култура е програма во нашиот тим, како и меѓу нашите добавувачи, давателите на услуги и пред сè, нашите клиенти

Готово! Ме освоија!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #296 на: 20 Јули 2022, 15:20:10 pm »
Културата за култура е програма во нашиот тим, како и меѓу нашите добавувачи, давателите на услуги и пред сè, нашите клиенти

Готово! Ме освоија!
https://mmotors.mk/p/66/abarth-595-competizione

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #297 на: 20 Јули 2022, 15:26:30 pm »
Културата за култура е програма во нашиот тим, како и меѓу нашите добавувачи, давателите на услуги и пред сè, нашите клиенти

Готово! Ме освоија!
https://mmotors.mk/p/66/abarth-595-competizione
Колку само би го возел автомобилов

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #298 на: 20 Јули 2022, 17:41:21 pm »
25000€ дал некоја будала за овај дубак ?! Секоја му чест

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: “Добри/Лоши“ плацеви низ МК
« Одговори #299 на: 20 Јули 2022, 18:27:56 pm »
Културата за култура е програма во нашиот тим, како и меѓу нашите добавувачи, давателите на услуги и пред сè, нашите клиенти

Готово! Ме освоија!
https://mmotors.mk/p/66/abarth-595-competizione

Неее, чекај,,, мењач 5 брзини?! Аууу каков промашај од абарц! Ќе си се држам ја до буљавото мито за 5 пати помалце пари... Је*еш паркирање пред Броз.