Еве и јас да пљукнам на темава. Олимпија моторс носат канти, а ги продаваат небаре се извадени од салон и седеле во гаража. Пред неколку години кога барав второ возилце и го купив Голфчето бев кај нив и се што видов беше излупано па приправено колку да се продаде. Имаше една Б класа шо ми ја испофалија као тоа е тоа, ја повозевме по едно неасфалтирано патче покрај сервисот, внатре тропкаше од сите страни. Викам шо е работава со колава, демек нешо разлабавено може било ќе виделе пошо браникот бил гребнат па го фарбале. Викам а само браникот е или и нешто друго. Па и сензорот за адаптив круз контрол (шо кошта 1000 евра) не работел. Ги глеам фаровите и двата со различни години. Им викам фаровите фабрички се, викаат да, да, само браникот шо бил удрен баш кај сензорот. :DDD
Крајната цената на Б класата, демек онаа за зимање, беше за најмалку 10% повисока од сите останати Б класи со исто или поново годиште и исто или повеќе опрема.
Генерално сите возила шо ги продаваа и имаа сервисна историја беа за правење на голем сервис. Ниедно не беше сервисирано, а интервалот пред сервис или поминат, а сеуште несервисирано.