Братко не викам јас ништо лошо, едноставно ти кажувам дека еве барем кај нас во Велес оба се зборува и се гледа во пракса. Не тврдам дека сум во право или дека секаде е така. Споделувам мое искуство
Со такви глупости истресени од ракав можеш да му донесеш на некој сериозни проблеми што чинат илјадници евра, изгубено време и изгубени нерви. Иначе, нема ништо лошо ниту пак злобно во тоа што го кажуваш.
А дека тоа е твое искуство мало морген. Купи кола на бугарски табли вози ја како што го возиш бмв-то, прај се курназ пред цариници/полицајци па кажувај дека е од твое искуство. Не биди интернет нинџа, стај си го газот во ситуација што ја објаснуваш.
Познавам повеќе од 10 личности, поблиски кои отворено сум правел муабет, возат бугарска кола со бугарска возачка, ретко кој ги имаат запрено полиција, а и тие што ги имаат запрено до сега поминале без проблем. Правам муабет за комплетно различни возила, од кршосерија Рено клио до нов Мерцедес C класа.. Моето искуство и тоа што ми го кажале луѓето што возат е такво, ако имаш сега ти негативно кажи им го тука на луѓето за да знаат. Ќе ти раскажам две ситуации: Чичко ми со македонски документи возеше бугарска кола може подолго од година дена, колата се водеше на име на фирма, од фирмата му дадоа некој документ како за привремена работа + полномошно. Минеше граници цело време, најчесто носеше роба од грција (кај што верувам би му правеле проблем).
Втора ситуација: Професорка ми си купија Ford Focus во 2014 година. Го имаат веќе 4години и до сега биле запрени само 2 пати од полиција, кои беа во почетокот кога ја купија колата и тогаш можеби правеле проблеми за возење на бугарски табли. Јас додека бев средно, многу пати ми ја даваше колата да и завршам некоја работа и никогаш не сум имал проблем со полиција. Со мојата кола на МК табли сум имал 300 пати повеќе проблеми.
Не знам што да речам можеби е среќа, така се погодило. Не сум бил казнет, а верувам дека ако ме сопрат со македонски документи и бг кола ќе има многу проблеми. А со БГ документи и Бг кола мислам дека доколку се е исправно и да те запрат нема да имаш никаков проблем. Не познавам луѓе во последниве 3-4 години што им имаат земено кола или им правеле проблем. Единствено имам другар што им земаа S класа на бугарски, ама причината беше политичка, да не речам законот го спроведоја од инат за да им ја земат колата. Ја на сите што возат со БГ табли ни сум ги осудувал, ни ништо, за година дена и јас ќе бидам еден од нив. Со среќа нека си возат и нека ги чува господ од милицајот.
