АКО поентата да возиш на БГ табли е за неплатиш регистрација во МК.
Кога регистриташ возило поентата не е некој да ти ги земе парите, поентата е да придонесеш во подобрување/одржување на инфрструктурата у државата, така се собираат пари да се закпат дупките, или да се прошири патот, или па да се напраи нов пат (теоретски барем, како е реално да не навлегуваме)
Значи несакаш да придонесеш за македонските патишта што планираш да ги користиш, ке придонесеш за Бугарските патишта што непланираш (или не така често) да ги користиш.. Нели мислите не е фер малце ?
Ако сме 10 луге што живеат на една иста улица со кал цела, и ни требаат 10 колички асфалт за да се напраи патот (многу мал пат е ова), вие сте тие што демек сте се преселиле коа се праи патот, и сеа нас ни фали асфалт, ни фали чоек да помогне работиме повеќе да стигнеме и како-така го праиме патот. И коа ке завршиме све тогаш се враќате и ја користите улицата најнормално, сеа нема кал све е супер овие ми го направија патот јас ке си го газам.
Јас барем вака размислувам, може не сум у право ама ете, малце различна перспектива, до сега како што видов никој некажа зашто НЕ (ок, темата не е зашто НЕ, разбирам).
Возете како ке се снајдете, знам дека секоја опција за заштеда треба да се искористи, дека можеби сте исфрустрирани од тоа како се трошат вашите пари, или си имате ваши причини АМА според мене не е фер према останатите у вашиот град/држава, на некој начин многу себична постапка.