Автор Тема: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа  (Прочитано 64413 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #240 на: 07 Ноември 2017, 12:22:45 pm »
Не голем, али сигурно.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #241 на: 07 Ноември 2017, 12:23:44 pm »
овие понудите за лизинг се оптичка варка.

15,700 со 187лизинг рата

собери ги ратите 20к евра колата :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #242 на: 07 Ноември 2017, 12:30:37 pm »
овие понудите за лизинг се оптичка варка.

15,700 со 187лизинг рата

собери ги ратите 20к евра колата :D
епа каматата ја ебава работата :D
Не голем, али сигурно.
Значи? Ако не е голем ќе биде стотина евра или гратис патосници, зимски гуми, каско итн. Мислам да не се лажеме да мериме во илјадници евра попуст на кола која што веќе е акциска понуда.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #243 на: 07 Ноември 2017, 12:33:18 pm »
Да претпоставиме дека акцијава се работи за автомобили на лагер.
https://www.seat.mk/kupuvanje/finansiski-uslugi/aktuelni-ponudi

Ќе добиете попуст на ова?
Би требало ама ептен ситно. Просторот е тој. Јас мислам дека зимски гуми и патосници би ти додале за истата цена. Или нешто од тој тип. Зависи што ќе издејствува продавачот.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #244 на: 07 Ноември 2017, 13:26:55 pm »
Зависи кој и како ќе се исценка со продавачот. Во мојот случај добив и попуст солиден и патосници, додека од конкурентската фирма продавачот не беше нешто многу воодушевен ни од попусти ни од ништо, така да си го одбрав возило еден :)) после вториов едно илјада пати на мобилен ми се јави и ми спушташе цени, ама џабе.
Така да во принцип моментот е битен да се погоди и малку среќа да имаш, иначе генерално на лагер имаат повеќе попуст отколку да си нарачаш сам, ама не мора да значи, ако се се познаваш со продавач, шеф, билокој може мн попуст да добиеш, ако реално има простор за истиот.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #245 на: 07 Ноември 2017, 14:05:21 pm »
И тоа како игра улога ценкањето.
Ајде еден пример од бившото Мак Кар.

Вработените таму, продавачите имаа дозвола од нив лично да дадат попуст до 7000€.
За дополнителен попуст требаше да се бара шефот (газдата).

Е сега кој колку умее да се исценка, толку ќе добие попуст.

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #246 на: 08 Ноември 2017, 08:35:01 am »
Не ме вадете од контекст. Ако некој е заинтересиран за модел, или тесен круг од 2-3, ќе ги извози прво и ќе збори со дилерот. Што има врска јас и пријателот која цена сме ја добиле за кола од лагер со X мотор У опременост Z боја пред 3 месеци?

За возила на лагер има повеќе попуст, барем кај порше ск. Мазда дели лагер во пристаништето во Антверпен. А мазда е скапа, барем поскапа од Леонот. Голфот исто.

Бидејќи се спомна погоре акциската на Сеат. Леон Референс и Леон Екселенс/ФР се за мене две различни коли.

Да не беше класниот кој ме поттикна да го погледнам Леонот уште еднаш, ќе возев гољф.


Gesendet von meinem SM-A520F mit Tapatalk

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #247 на: 08 Ноември 2017, 09:06:17 am »
За нарачка по твоја желба малку потешко е за попуст, за возило од лагер е друг муабетот. Пријател Б8 Хајлајн ДСГ зема од лагер и доби 7к еура попуст.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #248 на: 08 Ноември 2017, 09:09:07 am »
Во Порше на се има попуст.

Јас имам купено кола која не беше од лагер и дадоа добар попуст, така да зависи од ситуација до ситуација.

Мене навистина ми е стварно глуп моментот да се пукаат цени и ај сега ќе одиме да преговараме и да се ценкаме како на пазар.
Во ред е да имаат некоја одстапка или некој акцесоари гратис ама ваму ценовникот нема значење никакво

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #249 на: 08 Ноември 2017, 09:20:09 am »
Јас платив 4.400 евра помалку од цената на табличката до колата што стои, плус добив и гумени патосници, а не успеав да лапнам и кровни држачи (на тие као ми направија попуст и од 18.000 можев да ги земам за 12.000 денари)
Јес да го искористив џокерот повикај пријател што симна колку за регистрација и Зелена карта од тоа шти симна продавачот, ама незначително е тоа во споредба колку симна продавачот.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #250 на: 08 Ноември 2017, 09:23:31 am »
Значи кај нас се знае како е теркот, за да те убеди да купиш треба да симне бајаги цена, не сме ни ние будали, знаеме колку е реална цена на возило, ама па има и некој што не прашува да му симнат, па така продавачот си ќарува комишн. :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #251 на: 08 Ноември 2017, 10:26:16 am »
тоа е феномен што кај нас има места каде, прашуваш цена.

пр. ти вика 20к денари, ама со попуст може за 18к, а ти ни праша ни ништо за попуст.

Ама најверојатно поголемиод дел од фимиве научиле дека човек се пали на попуст и дека е среќен за поефтино од цената дека купил. и така се одлучува полесно.

Така што ако нешто вреди 15к евра. Се става цена 17 и после си жив среќен што всушност ти си заштедил 2к евра

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #252 на: 08 Ноември 2017, 15:04:30 pm »
Јас платив 4.400 евра помалку од цената на табличката до колата што стои, плус добив и гумени патосници, а не успеав да лапнам и кровни држачи (на тие као ми направија попуст и од 18.000 можев да ги земам за 12.000 денари)
Јес да го искористив џокерот повикај пријател што симна колку за регистрација и Зелена карта од тоа шти симна продавачот, ама незначително е тоа во споредба колку симна продавачот.
Во потполност се согласувам со тебе, и кај мене беше слично, што освен патосници добив и гимици. А     попустот со пријател е во истата рамка. Добиваш повеќе попуст отколку сам како сериозен, секако зборам за мојата ситуација.

Значи @Bauer и другите, не ме сфаќајте погрешно. Ако ја читаш од почеток темава ќе го научиш истото што и јас. И можеби приказнава е ограничена за Македонија и балканот, и кола од лагер.

Еве ти ја патеката која јас ја поминав за купување кола од лагер во Македонија:

1. Кој сегмент на кола сакаш?
2. До колку пари да биде? (- YXXX€ од тоа што би го дал, 1<=Y<=4, 0<=X<=9)
3. Која опременост ти треба (Сензори?, Автоматик?, ЛЕД? Итн.)
3а. Дизел/Бензин/Хибрид итн.
4. Имаш ли некакви предрасуди и други потреби? (пр. не сакаш француски коли и купуваш хитно кола заради враќање од странство) :)
5. Пишуваш пост на форумот со претходните 4 точки, собираш знаење и дискутираш со членовите.
5а. Паралелно одиш по салони и тестираш возила и се правиш заинтересиран за секоја за да видиш до кај иде цената (Возиш дури и Форд Фокус... Ама и Мазда.
Eдната Salesgirl ти вика "те молам полека со гаста", другата "гази, гази! ")
Од почеток си сакал Гољф, ама дента кога ти закажале тест вожња на продавачот колата му отишла на ОхридФест и ќе се врати после 5 недели, па и не ти се извинува. види: Купувам хитно кола заради враќање од странство!
6. Сумираш се на форум + за себе.
7! Во Германија дискутираат за забрана на <=еуро5 дизел во големите градови. Па се решаваш да погледнеш и Хонда Сивик 1.5 182кс, ама ќутиш на форумот за тоа, бидејќи на некои членови не им се свиѓа фејк тјунингот што го виделе на YouTube carwow. Им бараш тест возење во Макпетрол, а они само една продале, море какво тест возило. А тоа 182кс бензин колку троши, јас нели возам 20000км+ годишно?
8. Преспиваш.
9. Па привремената алфа 147 јтд 2002г. покажува ниво на уље на борд, зашто новиве од толку пари не го можат тоа?
9a. Класниот ти вика да провериш Леон уште еднаш. Возиш Леон Екселенс. ( да беше за Фокус немаше да послушам)
10. Решаваш за топ 3 и активираш пријатели. Ги добиваш финалните цени. Маздата е топ ама нема ни лед ни паркинг сензори, а и седиштата на леонот се боље. Голфот претерува со цената, а и леонов Екселенс те фасцинирал.
.
.
.
10 + X. Купуваш Леон.

Поздрав!

П. С. Криво ми е за сејлсгирл од Мазда. Да имав пари за фрлање ќе купев една и од неа :) Гази, Гази!
П. П. С. И воедно бонус за @Bauer: Попустот со мојот пријател во мазда беше прилично поголем од тој во порше ск.

« Последно менување: 08 Ноември 2017, 15:12:09 pm hanacloud »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #253 на: 08 Ноември 2017, 15:34:18 pm »
Сите сте платиле во илјадници и илјадници евра помалце и немате никаков проблем тоа да го кажете до цент. Ако кога ќе дојде да се каже сумата минус тие 4.400 евра штама :D.  Па ајде кажете колку тогаш сте платиле или воопшто не играјте со бројки.

Да не биде леонов по каталог кошта 24.000 и ми дадоа 6 илјади евра попуст и демек ги заебав и го земав за 18.000. Да се разбереме.

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #254 на: 08 Ноември 2017, 15:37:34 pm »
Сите сте платиле во илјадници и илјадници евра помалце и немате никаков проблем тоа да го кажете до цент. Ако кога ќе дојде да се каже сумата минус тие 4.400 евра штама :D.  Па ајде кажете колку тогаш сте платиле или воопшто не играјте со бројки.

Да не биде леонов по каталог кошта 24.000 и ми дадоа 6 илјади евра попуст и демек ги заебав и го земав за 18.000. Да се разбереме.
Кој знае да чита секогаш е во предност. ;)

Gesendet von meinem SM-A520F mit Tapatalk