Па добро бе, колку попуст можеш да добиеш? Реално ако ја нарачуваш колата можеш да фатиш добар попуст од каталошка цена. Ако возилото е веќе на лагер, попуст можеби ќе има но далеку помал или ако ептен го тупиш за попуст може да ти дадат нешто зимски гуми гратис, каско итн.
Од една страна не разбирам со криење на цената демек иди прашај си сам ама од друга страна реално каков попуст очекувате?! Отиди прашај. Ако едно ауто кошта 15.000 по каталог и го продаваат за 14.000 поради акција, мислите дека ќе можете за 12.500 да го земете? Ма молим ти се.....
Обратно. На лагер колите
обично се поефтини и со поголеми попусти затоа што неможеш да бираш и
обично они веќе ги нарачале со најоптимална опрема за цена.
Не секогаш ама грубо така е. А по нарачка ќе ти биде по мерка колата, ама ќе мора да почекаш 3 месеци и помал попуст ќе имаш.
Има фирми што идат со акции и тогаш маржите
обично им се на апсолутен минимум што дозволува фирмата. И во
95% случаи тие цени неможат да ги симнат.
П.С. Ова зборувам за возила до некои реални суми од 23000евра. Над тоа веќе важат сосема други правила.