Малце забега темава.
Апдејт после посетени салони и две тест вожњи:
- Хјундаи и30 отпаѓа. Може да се донесе ама со основен дизел мотор се фаќа над 20000 Еур.
- Мазда 3 2.2 150кс Challenge. Одлична кола со супер изработка, цената е доста висока со оглед на појакиот мотор.
- Киа Сид - во исчекување на тест возење.
- Шкода Октавиа - исто
- Сеат Леон - отпаѓа.
- Форд Фокус 1.5 тдци 120 Синк, возев 95кс мотор на тест, прилично бучен и во град, друго е ок, има 6-то степен менувач, е сега не можев да го тестирам на угорница, кривини или автопат. Влегува во буџетот.
- Фиат Типо, не го возев, не ми остави добар впечаток во салон, иако со цена ќе дојде и поефтино од Фокусот.
- голф, по поплаката, во ново исчекување за тест возење.
- Тојота Аурис Хибрид, по читањето ривјуа: скептичен за потребата од менување на стил на возење, и односот на автопат. Ентериерот е пријатен. Ќе има тест возење.
-Опел Астра 1.6 цдти 110, ок впечаток, ќе треба тест возење.
Генерално приметив дека сите дилери сакаат да продадат од лагер или во пристигнување, што е разбирливо, ама од друга страна најчесто не е со соодветна опременост.
Пропуштив нешто? (Француските се намерно изоставени, исто со Ауди, Алфа, Хонда, Мерцедес, БМВ - последните од очигледни причини
)