Автор Тема: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа  (Прочитано 64401 пати)

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Здраво другари,

нов сум на форумот и веќе поминав неколку часа читајќи постови околу купување на нов автомобил. Научив многу, но не најдов многу сличен/актуелен пост со ова подоле.

Сакам да купам нов автомобил од компакт(голф) класата, исклучиво дизел, со средно ниво на опременост.

Под средно ниво на опременост меѓу другото подразбирам:
- Алуминиумски фелни
- Паркинг Сензори
- Климатроник
- Интерактивен систем со конекција за смартфон.(Блутут, СД,  УСБ)
- Команди на Волан

Веќе погледнав 3 автомобили во салон, и еве ги моите впечатоци:

1) Голф 1.6 ТДИ 115КС Комфортлајн (19.400 ЕУР понуда без тест возење и без ценкање)
+ има се од горенаведената опрема.
+ споредено со другите добар квалитет на материјали во внатрешноста
- Прескап, не знам како да се ценкам и дали е можно да стигнам блиску до 18000
- 2 пати се јавувам за тест возење и ми велат да се јавам за неколку дена, бидејќи возилото им било на службен пат

2) Сеат Леон 1.6 ТДИ 90КС (акција 16300 Еур со металик боја )
+ атрактивен надворешен изглед
+ прифатлива цена
- низок квалитет на употребени материјали во внатрешноста
- нема ал. Фелни, послаб мотор од Голфот, ниту паркинг сензори.
- генерално многу се разочарав од внатрешноста.

3) Шкода Октавиа 1.6 ТДИ 115КС (цена околу 18000 Еур,  второ ниво на опременост, чекам на понудата по емаил, бидејќи ги фатив во 17:50 во салон пред затворање)
+ огромен багажен простор (веќе класа поголема) //Шкода Рапид не ми прави мерак
+ слична опременост со Голфот, но без паркинг сензори
- употреба на поефтини материјали споредено со Голфот.

Имате ли предлог други модели што би се совпаѓале во овие критериуми?

Каде можам да најдам совети за како да извлечам подобра цена?

Читав само добри работи за Хјундаи и30, но гледам дека новиот модел сеуште не е достапен кај нас.

Генерално, не сум фан на француски брендови.

Фала ви за помошта!
« Последно менување: 10 Јули 2017, 22:59:32 pm hanacloud »

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #1 на: 10 Јули 2017, 22:49:09 pm »
Tesko nekoj da ti pomogne osven samiot :)
Ti si bil samo vo eden salon, i si videl samo edna kola (vo tri razlicni kostimi). Kaj ti e ford koi imaat odlicna cena na focusot sega, kaj ti e opel da vidis tamu sto se nudi. Vikas i30 ne go nosat, ama ne si bil vo salon, otidi pa kazi dali stvarno nemozes da go kupis (iako kako nov model sega ke mu drzat nerealna cena). A kia, isto treba da imaat dobri ceni za ceed.
Prosetaj niz salonite, samo vo porsche si bil. Izvozi gi kolite. Potoa procepkaj po internet revjua za modelite, ima na toni za sekoj model. Na kraj pomos ovde moze da pobaras ako nekoj moze popust da ti sredi za konkreten model otkako ke resis sto sakas.
Ova e samo moe gledanje na rabotite.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #2 на: 10 Јули 2017, 23:12:32 pm »
Ако немаш предрасуди, можеш да видиш Киа Сид, за овие пари можеш каков сакаш да го земеш.
Хјундаи не знам што чекаат со промоција на и30-ката, веќе 2 месеци им е паркирана позади салон.
Фокус за овие пари може да изм'кнеш со саглам опрема.
Астра исто така.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #3 на: 10 Јули 2017, 23:19:50 pm »
Погледни ceed и ceedSW и баш пиши што ти рекле и како ти се бендисало.
Спомнаа дека као ја нуделе Елантрата со дизел по нарачка. Види и тоа. Буџет Ауди А3 седан.
Инаку октавијата е џам, ама предницава што ја направија неможам да си објаснам.

Леон без лед фарови и бандажи... сирот.
Голф, си е голф. Ама е отров скап.
Би ти рекол исто Мазда 3 седан да видиш ама дизелот е над буџет бајаги.

Фокусот има мал гепек.
Цивикот е сега тазе донесен во Макпетрол само ќе е прескап и без дизел.

Тојота штознам.
Фиат Типо штознам.

Астра знае да има јаки понуди од време на време, да видиш Инсигнија да не има некоја од овие во залез на кариера сега е  време за тоа.
И30 нема кај нас треба да е ептен подобрено.
Меган 1.5дци се залаумфаа со цени да одиш да видиш ако тоа кај радиото ти се свиѓа и ако средите ценичка може да е океј.
Пежото 308 ти е исто ептен добро со најголем гепек во класата и супер аутце и економија. Сигурно ќе се договорите и за цена.
« Последно менување: 11 Јули 2017, 08:25:28 am Deni »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #4 на: 10 Јули 2017, 23:24:27 pm »
Добредојде.

Овие цени што си ги пишал ти се каталошки. Во салон, со прикажан интерес од твоја страна, тие цени се симнуваат за многу повеќе од неколку стотина евра.  Јас за голф 7 2.0тди 150кс хајлајн на прв разговор добив понуда 22.000 евра, при каталошка цена од 25.000 евра.  Сигурен сум дека ќе можеш да исценкаш леон 1.6 115кс со бандажчиња боичка и паркинг сензори.

Значи, правец во салон и муабет.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #5 на: 10 Јули 2017, 23:39:53 pm »
Moja preporaka sekogas e nesto kako prv izbor da e Made in Japan. (vnimanie: ne sekoja kola od japanski proizvoditel e made in japan)
Fokusot koj bese spomnat e odlicno vozilo vo taa klasa.
Bitno e sto poveke koli da probas.
Za popust nema sto mnogu da mu se mislis. Site prodavci imaat prostor za spustanje na cena.
Baraj popust direkt bez mnogu mislenje.
Biten e i faktor sreka da nacekas vozilo koe e momentalno na kampanja.
Ako nesi ekstremen fan na Golf, ne veruvaj mnogu vo prikaskite deka e najdobar vo svojata klasa.
I najbitno, zemi nesto sto ke ti prai keif koga ke se vozis vo nego.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #6 на: 10 Јули 2017, 23:42:38 pm »
Погледни ја акцијата во Сеат, Леонот ти е на промоција. За 15,980 добиваш Леон 5 врати со 1.6 115кс мотор, 6 брзини, LED DRL, АЛу бандажи, паркинг сензори, све комплет освен Навигација ама за тоа ќе си доплатиш. Е сеа внатрешноста тоа ти е за тие пари, исто како и во Октавијата

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #7 на: 11 Јули 2017, 08:43:48 am »
Погледни ја акцијата во Сеат, Леонот ти е на промоција. За 15,980 добиваш Леон 5 врати со 1.6 115кс мотор, 6 брзини, LED DRL, АЛу бандажи, паркинг сензори, све комплет освен Навигација ама за тоа ќе си доплатиш. Е сеа внатрешноста тоа ти е за тие пари, исто како и во Октавијата
Неможам да ја најдам акцијава, ама звучи ептен добро.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #8 на: 11 Јули 2017, 08:50:42 am »
https://www.seat.mk/kupuvanje/finansiski-uslugi/aktuelni-ponudi

Е сеа, тука вика Порше Лизинг Пакет.. Ама како и да е, мислам дека таа си е цената ако сакаш да си ја купиш колата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #9 на: 11 Јули 2017, 08:56:36 am »
https://www.seat.mk/kupuvanje/finansiski-uslugi/aktuelni-ponudi

Е сеа, тука вика Порше Лизинг Пакет.. Ама како и да е, мислам дека таа си е цената ако сакаш да си ја купиш колата.
Тука вика
„Дневни LED светла“
Дали се мисли на LED светла, или на LED DRL со халогени светла. Ова е многу голема и битна (и скапа) разлика.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #10 на: 11 Јули 2017, 08:58:45 am »
Хм.. Ете глеаш, не го приметив тоа. Ваљда ќе да се халогени со LED.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #11 на: 11 Јули 2017, 09:00:06 am »
Дневни LED светла = LED DRL + халогенки

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #12 на: 11 Јули 2017, 09:04:41 am »
Само што се јавив во салон и Леонот оди со LED DRL и најобични халогени светла за 16000еур. Нема опција за доплата во тој пакет за LED светла. Како комплет доаѓа колата таква.

Вака е океј понудата, ама не е забегано добра како што на почеток мислев.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #13 на: 11 Јули 2017, 09:08:30 am »
Леонот за 16.000 е примамлива понуда ама не сум сигурен дека е за 115 кс моделот, да не е за 90кс? Најдобронамерен совет пред да лупнеш пари за било што, во исти ден вози го леонот и после голфот на тест, или во обратен распоред, сеедно. И после реши што сакаш да возиш наредни 5 години. Ако голфот го дадат со иста ваква опрема за 18.500 (фејслифот голф иде стандард со ЛЕД дневни и во трендлајн) тогаш и тоа е добра понуда.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Нов автомобил до 18000 Еур, дизел, компакт класа
« Одговори #14 на: 11 Јули 2017, 09:48:12 am »
Оди ценкај се у порше, моли кукај плачи и симни им 2-3000еур или земи им повисоко ниво на опрема. Ако ти е срам за 50 еур можам да ти глумам брат.


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk